Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

dobivaj vesti na viber

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап

Економија

Официјална премиера на целосно новата Škoda Kodiaq

Објавено пред

Škoda го лансираше својот водечки SUV, целосно новиот Škoda Kodiaq, на македонскиот пазар. Со својот моќен и робустен изглед, новиот Kodiaq поставува нов репер во сегментот SUV, комбинирајќи ја врвната технологија со исклучителна удобност и простор.

dobivaj vesti na viber

Надворешноста на Kodiaq е целосно редизајнирана, прикажувајќи ги елементите на новиот дизајнерски јазик Modern Solid на Škoda. Елегантните, аеродинамични подобрувања не само што ја подобруваат естетиката на возилото туку придонесуваат и за неговите извонредни перформанси. Новиот Kodiaq е за 6 см подолг во споредба со претходникот и нуди уште повеќе простор и комфор за сите патници. Во понуда е и варијантата со 7 седишта.

 

Вниманието на надворешноста го привлекуваат LED matrix светлата од втората генерација и предната решетка со хоризонтална светлосна лента. Внатрешноста е збогатена со текстил и кожа кои потекнуваат од еколошки процес на обработка и го рефлектираат фокусот на одржливоста.

Kodiaq во својата втора генерација нуди свеж и иновативен концепт на ентериерот со четири специфични дизајнерски селекции – Loft (текстил), Lounge (текстил-волна), Suite Black и Suite Cognac (кожа) кои во комбинација со опционални пакети креираат комплетно различно доживување. Ново ниво на удобност и релаксација нудат опционално достапните ергономски седишта со пневмо-масажа. Инфозабавниот дисплеј сега е самостоен, со дијагонала на екранот до 13 инчи и е опционално е достапен со head-up дисплеј.

Рачката на менувачот сега е поставена на управувачкиот столб, што и дава на централната конзола многу чист и уреден изглед и додава дополнителен простор. Škoda Smart Dials се уште една сосема нова карактеристика на целосно новиот Kodiaq – три ротациони контроли позиционирани под инфозабавниот екран. Комбинирајќи ги хаптичките контроли со екранот во боја од 32 милиметри, тие обезбедуваат интуитивен, лесен и приспособлив пристап до различни функции на возилото и инфозабавниот систем.

Со постојаната интернет конекција кај Kodiaq овозможено е безжично ажурирање на софтверот, мапите за навигација и разните услуги на Skoda Connect – како на пример Далечинско активирање на климатизацијата или полнењето на батеријата (kaj Plug-In варијантата), проверка на сообраќајот или временската прогноза и сл. Интегрирањето на четботот заснован на вештачка интелигенција ChatGPT во неговиот гласовен асистент Laura, Škoda го подобрува искуството на многу клиенти и помага да се олесни секојдневниот живот. Новата предна конзола овозможува индуктивно полнење на два смартфони истовремено, обезбедувајќи вентилација и моќност од 15W на безжично полнење и 45W преку USB-C портата за брзо полнење.

Опсегот на погонски единици на Kodiaq покрај добро познатите бензински 1.5 TSI DSG Mild-hybrid со 110 kW (150 KS) и дизелските 2.0 TDI EVO DSG со 110 kW (150 KS) и 142 kW (193 KS) во комбинација со погон на сите тркала 4х4, сега е проширен со возбудливото деби на plug-in хибриден погон од 150 kW (204 КС) кој нуди повеќе од 100 km чисто електричен опсег. Ова обезбедува динамично возачко искуство прилагодено на секоја потреба. Сите погонски единици се достапни единствено со автоматски DSG менувачи.

На располагање кај новиот Kodiaq се девет различни бои, меѓу кои и новата Bronx Gold металик. Изборот на алуминиумски тркала почнува од 17” тркала како стандардна опрема, па се до 20” тркала “RILA Aero anthracite” претставени на изложените возила.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонска премиера на целосно новиот Volkswagen Tiguan

Објавено пред

• Новата генерација на Volkswagen Tiguan е претставена со прогресивни технологии и харизматичен дизајн
• Новите plug-in хибридни погони овозможуваат електричен опсег од околу 100 километри и брзо DC полнење
• Новиот ентериер со јасно структуриран дигитален кокпит, инфозабавен екран, head-up дисплеј и копче за избор на искуство во возењето е лесен за употреба и се заснова на конкретни повратни информации од клиентите
• Новиот адаптивен систем за контрола на потпирањето DCC Pro, технологија од премиум класата, обезбедува максимална удобност и врвна агилност

dobivaj vesti na viber

Volkswagen на македонскиот пазар го претстави целосно новиот Tiguan, во третата генерација на бестселерот. Во моментот Tiguan е еден од најуспешните модели на Volkswagen во светот. Повеќе од 7,6 милиони купувачи го избраа компактниот SUV од неговото деби во 2007 година. Новиот модел може да го разгледате во салоните на Volkswagen.

Новите технолошки достигнувања реализирани со MQB evo го подобруваат Tiguan практично во секоја област. Новите хибридни погони со целосно електричен досег од околу 100 km го прават овој SUV поефикасен од кога било досега. Дополнително, полнењето со наизменична струја ќе биде побрзо во сите верзии на eHybrid, а за прв пат стандардно ќе биде можно и брзо DC полнење.

Чисто дизајниран дигитален кокпит базиран на MIB4, модуларната инфозабавна матрица од четвртата генерација, нуди највисоко ниво на информации и носи дигитални услуги и апликации. Оперативниот концепт е дизајниран да биде максимално интуитивен. Дополнително, новите системи како што се функцијата за пневматска масажа за предните седишта или IQ.LIGHT HD матричните предни светла – кои се користат за прв пат во Tiguan – се добиени од премиум моделот Touareg. Новата адаптивна контрола на потпирањето DCC Pro ги оптимизира удобноста и динамиката. Најновата генерација на помош при паркирање го олеснува возењето во и надвор од паркинг местата.

Експресивен дизајн и подобрена аеродинамика

Компактниот SUV доаѓа со целосно нов дизајн. Како особено впечатлива карактеристика, предниот дел на возилото има моќен изглед со многу рамни LED фарови и хоризонтална лента покриена со стакло. Отворите на решетката на ладилникот сега се наоѓаат на надворешните страни на браникот, каде што воздушните завеси обезбедуваат оптимално насочување на воздухот. Чисто дизајнираниот преден дел го нагласува фактот дека коефициентот на отпор е подобрен од 0,33 на 0,28. Оваа силуета се карактеризира со атлетски раменици над тркалата, кои пак се достапни во димензии до 20 инчи. Новата хоризонтална LED лента додава акцент на непогрешливиот заден дел на Tiguan.

Ново генерирање на дигиталниот борд компјутер и инфозабавен систем

Внатрешноста на Tiguan се одликува со сосема нов концепт и дизајн. Се издвојува со високите стандарди на материјал и изработка. Покрај тоа, новиот дигитален борд компјутер е интуитивен за употреба, тесно интегриран и има чист и паметен дизајн. Модулите го вклучуваат новиот дигитален борд компјутер (дигитални инструменти со анти-рефлектирачки слој во формат на таблети), инфозабавен екран до 38 сантиметри (15 инчи) и има целосно нова структура на менито и графика, нов head-up дисплеј (проекции на ветробранот) и ново мултифункционално копче за избор на искуство во возењето со интегриран OLED дисплеј. Оваа нова ротациона контрола со свој мини екран може да се користи за контрола на профилот на возење, јачината на звукот на радиото или пак, за прилагодување на боите на амбиентното осветлување. Спротивно на тоа, бројните функции на возилото и инфозабавниот систем може лесно да се прилагодат со помош на говор со новиот гласовен асистент IDA.

Ефикасен опсег на погони

Благодарение на MQB evo, во Tiguan може да се имплементираат различни типови на погони. На пример, ќе има турбо дизел мотори (TDI), турбо бензински мотори (TSI), благи хибридни турбо бензински мотори (eTSI) и plug-in хибридни системи (eHybrid), кои ќе се нудат исклучиво во спрега со автоматски менувач со двојна спојка ( DSG). Како кај ID.7 и новиот Passat, режимот на работа на менувачот во иднина ќе се менува со помош на изборник на воланот десно од воланот со интиутивен принцип на работа. Прекинувачот се врти нанапред во „D“ за да се вози напред и наназад до „R“ за назад, додека рачната сопирачка се активира со притискање на страничното копче на изброрникот. Сите модели на Tiguan дополнително имаат типтроник зад воланот.

Електронски контролирана опрема за возење за дополнителна практичност и динамика

MQB evo обезбедува основа за нова генерација на опрема за возење. Покрај мноштво индивидуални мерки, Volkswagen ја обнови адаптивната контрола на потпирањето DCC со опционалниот DCC Pro со амортизери со два вентили. Новиот модел е стандардно опремен дополнително со Vehicle Dynamics Manager – систем MQB кој го имаше своето деби во актуелниот Golf GTI. Системот ги контролира функциите на електронските блокади на диференцијал (XDS) и страничните динамички компоненти на контролираните амортизери во системот DCC Pro. Специфичните интервенции на сопирање на тркалата и селективните промени во цврстината на амортизерот доведуваат до поголема удобност и подобрени перформанси за време на динамичните свиоци. Ова го прави управувањето со возилото постабилно, агилно и попрецизно.

Седишта за долги растојанија

Новите ergoActive Plus седишта со пневматско четиринасочно лумбално прилагодување и пневматска функција за масажа со притисок со 10 комори се идеални за висококвалитетниот карактер на Tiguan. Дополнително, има и програмска функција за автоматско активирање на греењето на седиштата или вентилација на седиштата при одредени надворешни температури.

Нов бестселер на повидок

Воден од исклучителните резултати на двете претходни генерации и надоврзувајќи се со целосно новиот дизајн и со врвните комфорни, безбедносни и погонски технологии, новиот Tiguan најавува рекорди во продажбата и уште едно поглавје во приказната за ултра-успешните модели на брендот Volkswagen.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

БРАКО ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

Објавено пред

БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин Машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.

dobivaj vesti na viber

Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин Машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.

Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.

Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.

Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.

Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро Инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

И седмоодделенците ќе имаат учебници од септември, МОН и БРО најдоа преодно решение

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието изнајдоа решение за непречена реализација на...

Македонија1 час

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита...

Македонија1 час

„Тие се против реформите затоа што удобно им е да седат во фотелји, да земаат плата и имаат само два процента доверба“, рече Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два процента доверба кај граѓаните. Таа е...

Македонија3 часа

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, и вработените ќе подготват специјален...

Македонија4 часа

В година со уште позаострени мерки против препишување, 3,25 била просечната оценка на државната матура

Просечната оценка што ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. Во споредба со минатите години постои намалување (3,65...

Македонија5 часа

(Видео) Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, доаѓа за претседател на СДС со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските...

Свет7 часа

(Видео) Евакуиран дел од најголемиот аеродром во Европа: полицијата и кучиња трагачи на местото на настанот

Вториот терминал на аеродромот „Хитроу“ во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат медиумите. Police dogs are here 🙃 pic.twitter.com/4ZgrkGzPpR...

Свет7 часа

Би-си-си: Се очекува Сунак формално да ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс во наредните часови

Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија по 14 години власт на вчерашните избори претрпе пораз од лабуристите,...

Македонија7 часа

Изгаснати девет пожари на отворено, во Гевгелија пронајдени неексплодирани гранати, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1. 975 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Свет7 часа

Поранешниот американски државен секретар Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие конфликтот со Русија, страните ќе мора да го решат дипломатски, изјави поранешниот американски...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери додека луѓе страдаа и умираа

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер,...

Свет8 часа

Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, шпекулациите не може да бидат точни или може

Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор...

Свет8 часа

(Видео) Италијанците го кренаа највисокото ниво на тревога по излевањето на лавата од вулканот

Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите да го подигнат нивото на тревогата од портокалово на црвено,...

Спорт19 часа

(Фото) Известувачот на Макфакс го сними оперираното колено на Новак Ѓоковиќ

На прес конференција по натпреварот против Британецот Џакоб Ферли, Новак Ѓоковиќ за прв пат на Вимблдонскиот турнир се појави без...

Култура1 ден

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија1 ден

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија1 ден

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија1 ден

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура1 ден

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија1 ден

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...