Контакт

Здравје

Како интензивната работа влијае врз здравјето на жените?

Објавено пред

Жените кои вложуваат многу време во градењето на своите професионални кариери, на крајот може да се доведат до сериозни заболувања и инвалидност, додека продолжената работна седмица може да им помогне на мажите да го одржуваат своето здравје, заклучија американските научници од Државниот универзитет во Охајо.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на ова истражување биле направен интервјуа со 7.500 луѓе, со цел да се утврди нивото на интензитет на нивната работа, како и да се определи целокупното ниво на нивното здравје. Истражувачите го анализирале соодносот меѓу сериозните заболувања и количеството одработени часови во последните 32 години.

Резултатите меѓу жените воркохолици (зависни од работата) биле поразителни, вели еден од авторите на студијата, Алард Демб. Анализата покажала јасна и силна врска меѓу продолжената работна седмица и кардиоваскуларните болести, ракот, артритисот и дијабетесот.

Ризикот од развој на вакви заболувања се зголемува со зголемувањето на работната седмица, на повеќе од 40 работни часови. А при достигнувањето на границата од 60 работни часови неделно во текот на три децении, може тројно да се зголеми ризикот од развој на опасните болести.

„Жените, како по правило, врз себе го преземаат лавовскиот дел од домашните работи и со зголемувањето на должината на работното време може да се судрат со повеќе притисок и стрес, отколку мажите. Уште повеќе, работата може да им даде помалку сатисфакција на жените, бидејќи тие бараат рамнотежа меѓу работните и семејните обврски“, резимира Демб.

Притоа, се вели во извештајот на истражувачите, мажите во услови на висок обем на работа, напротив, се чувствуваат подобро./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?

Објавено пред

Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.

dobivaj vesti na viber

Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.

Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.

Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.

Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.

Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот ​​и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.

Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.

Прикажи повеќе...

Забава

Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата

Објавено пред

При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.

dobivaj vesti na viber

Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.

Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.

Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.

Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.

Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.

Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.

Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.

Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.

Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник

Објавено пред

Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.

dobivaj vesti na viber

Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.

Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.

Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.

Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.

Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа4 часа

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија5 часа

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ5 часа

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија6 часа

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија8 часа

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија9 часа

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија10 часа

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија10 часа

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија11 часа

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија12 часа

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...

Топ12 часа

Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети

Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен...

Македонија13 часа

Филипче да одговори дали има удел во бизнисот на Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да...

Свет14 часа

Полска пресретна руски авион над Балтикот, воздушниот простор е нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион што леташе близу до нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и...

Свет15 часа

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија16 часа

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија1 ден

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ1 ден

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...