Црна хроника
Заради нерасчистен долг меѓу две фирми, скопјанец избоден со ножици
Заради нерасчистени должнички односи помеѓу двете фирми, едно лице заврши во болница со тешки телесни повреди.
Како што соопшти полицијата, во четвртокот околу 13.00 часот во Скопје, во просториите на една приватна фирма дошло лицето Ф.Ш. (35) од с.Љубин, скопско, претставник на друга приватна фирма по што настанала расправија помеѓу него и вработениот Д.А. (54) од Скопје. Причина за расправијата биле нерасчистени должнички односи помеѓу двете горенаведени фирми.
Во еден момент Ф.Ш. земал ножици и го нападнал Д.А., нанесувајќи му неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот. Од страна на друг вработен Ф.Ш. бил спречен да продолжи со нападот, бил совладан и задржан до доаѓање на полициски службеници.
После тоа бил приведен во ПС Центар. Со возило на Итна медицинска помош Д.А. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.