Црна хроника
Двајца загинати и двајца повредени во сообраќајка кај Кичево
Во тешката сообраќајна несреќа што доцна ппопладнето се случи на патот Кичево -Гостивар агинаа две лица а две со тешки повреди се префрлени во ургентнитоцентар во Скопје
Сообраќајната несреќа се случила кај месноста Над Сатеска во атарот на селото Зајас.Според првичнтие сознанија, до несреќата дошло при судирот на возило марка „БМВ“ со италијански таблички и „опел корса“ со охридски регистарски таблички.Во моментот се утврдува идентитетот на починатите, а повредените лица поради сериозноста на повредите се пренесени на скопските клиники.Увид на местото на настанот врши истражен судија и заменик-јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.