Контакт

Црна хроника

Рамковски: Нема злосторничко здружување, тоа се деловни односи меѓу компании

Објавено пред

Првообвинетиот во случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски во својот исказ пред Судскиот совет ги отфрли како невистини обвиненијата кои го товарат за злосторничко здружување, перење пари, даночно затајување и злоупотреба на службената положба

dobivaj vesti na viber

Во своја одбрана Велија Рамковски денеска тврдеше дека не е виновен за делата кои му се ставаат на товар и дека не постои никаква злосторничка група. Според него, тоа биле деловни и финансиски односи меѓу компаниите.Рамковски истакна дека како стопанственик во текот на целиот негов работен век од 40 години, никогаш и од никого не барал да не се почитуваат законите, ниту, пак, имал намера, да не и’ плати данок и другите давачки на државата. Најмногу го погодил делот од обвинението дека тој како родител ги организирал сопствените деца и својот брат во злосторничка група. Сопственикот на А1 телевизија тврди дека сите трансакциски сметки биле банкарски и законски и дека немало никакво перење пари. На почетокот од денешното рочиште, Рамковски побара да му се објаснат два термина од обвинителниот кат „фиктивна позајмица која нема економска оправданост“ и терминот „дневен промет во готовина врз основа на компензација“, коишто според него биле суштински за обвинувањата. Во завршницата на денешното излагање пред судот, Рамковски, исто така, побара да му се замени мерката притвор, нему и на другите обвинети со мерката домашен притвор. Тој побара Судскиот совет да го земе предвид тоа што на најголем дел од сметките на фирмите кои се замрзнати има средства до сумата за која Кривичниот совет барал да бидат замрзнати. Што се однесува до А1 телевизија, според Рамковски, Судот имал на располагање околу милион евра. Тој смета дека ваквата гаранција е доволна да го замени притворот со домашен притвор. Рамковски, даде ветување дека нема да бега бидејќи, сакал да докаже дека е невин.Денешниот судски претрес во случајот „Пајажина“  кој во моментов е во прекин поради пауза, ќе продолжи со прашања што од на Рамковски ќе му бидат поставувани од претставникот на Обвинителство и судот Рамковски уште на минатото рочиште најави дека неговиот исказ ќе биде краток. Освен Рамковски, денеска исказ ќе треба да дадат и Амди Рамковски, братот на сопственикот на А1 телевизија, Невин Рауф и Зоран Мицевски. Додека еден од обвинетите дава исказ, во судницата нема да бидат присутни другите обвинети.По четири одложувања и многу приговори од страна на адвокатите, минатата седмица обвинителката Гордана Гешковска и нејзината заменичка неколку часови го читаа обвинителниот акт напишан на 79 страници за 23-та обвинети во случајот „Пајажина“.Обвинителството го товари Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од останатите обвинети, негови роднини и блиски соработници. Според обвинението, Рамковски и соработниците преку меѓусебно плаќање невистинити фактури и фиктивни позајмици, вршеле перење пари и избегнувале плаќање данок. Се переле пари преку повеќекратно плаќање на исти веќе претходно платени фактури, и тоа на странски фирми кои според обвинителството биле раководени од злосторничко здружение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје

Објавено пред

Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците

Објавено пред

Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.

На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија5 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија6 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија6 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија6 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија9 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје10 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа11 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет11 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет11 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија19 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија21 час

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...