Контакт

Интервју/Дебата

Богдан Илиевски: Не знаев дека постои прес центар во Собранието, сѐ уште ги склопувам коцките (ВИДЕО)

Објавено пред

Четвртиот Илинден останува на улиците еднаш неделно. Според еден од иницијаторите, Богдан Илиевски, немало ништо националистичко на протестите, иако на видеоматеријал неколкупати се слуша скандирање навредливи зборови за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш во живот не сум го употребил зборот на ‘ш’, напротив, инсистирам моите сограѓани да ги нарекувам Македонци од албанско етничко потекло иако други луѓе зборуваат за разни други семантики. Тоа никогаш не било дел од идејата ‘За заедничка Македонија’, нашето име укажува на нашиот концепт на заедништво. Првиот ден имаше мала група која скандираше шовинистички, националистички и навредливи пароли, а ние веднаш се оградивме, на лице место реагиравме, и истите никогаш не се повторија. На 60. ден, веројатно на сите им е јасно,  луѓето кои влегоа во Собранието не беа луѓето кои дотогаш протестираа заедно со нас“, изјави Илиевски во интервјуто дадено за Макфакс.

На прашањето дали на нивните протести имало инфилтрирани луѓе, Илиевски рече дека не знае.

„Сѐ уште не можам да ги склопам сите коцки во главата. Се случија многу работи. Не знам кога и од кого би ги дознал. Јас не знаев дека има прес-центар во Собранието, а некој знаел. Не знаев дека има повредени пратеници. Јас, Дамовски и Дурловски 60 дена организиравме мирни протести, и протестите излегоа од контрола. Искрено сметам дека постоело сценарио за провокација на такво сценарио. Не може еднострано да ги гледаме работите бидејќи има неколку индикативни моменти, луѓето од тиранската коалиција рекоа дека имале информации дека се подготвува нешто, па затоа Али Ахмети не бил на седницата. За овие работи треба да зборуваме и треба да ги откриеме“, вели Илиевски.

Богдан Илиевски вели дека на местата каде што тие делувале, како на скалите и ходниците, немало немили сцени, и дека не биле таму каде што имало насилство. Според информации на Макфакс, за време на насилните инциденти Богдан Илиевски бил отсутен од 30 до 45 минути, време во кое не одговарал на телефонски повици. Тој демантира.

„Од бина, по 5-6 минути, уште кога луѓето не беа влезени, а вратите беа затворени, ја прерипав оградата, отидов, па потоа повторно се вратив на бина, мислам дека нешто зборував на микрофон. Дали бевме на друго место, не знам. Единствено, двапати отидов до една кафана во близина за да го искористам тоалетот бидејќи беше многу топло, пиев многу вода и бев под стрес. Инаку, цело време бев наоколу“, вели Илиевски за Макфакс.

На неколку од снимките може да се види Илиевски како разговара со цивили и припадници на полицијата, по што, тој го потврди тоа.

„Разговарав цело време со полицајците, не е само таа снимка на скалите. Прашајте ги, ако внатре беа, на пример, 100 полицајци, јас разговарав со 70 од нив. Разговарав, прашувајќи ги што можеме да направиме за да се смири тензијата, за да нема турканици меѓу нив и луѓето. Застанувавме на влезната врата кога решија да не пуштаат веќе луѓе внатре. Тие, пак, сметаа дека нема да можат да се вратат ако излезат, а, пак, другите дека воопшто не ќе можат да влезат. Ние се обидувавме некако да ги смириме користејќи некаков си авторитет и препознатливост. Така што, се разбира дека разговаравме со луѓето внатре“, додава Илиевски.

Тој не обезбедил вода, туку апелирал до луѓето надвор да купуваат и носат вода во Собранието, а тој бил курирот од пред вратата до внатре бидејќи полицијата имала поставен блок, а тој ги молел барем него да го пуштат да влегува и излегува. Според Илиевски, премногу акцент се ставило на носењето вода. Засега, Богдан Илиевски не е повикан во обвинителство да даде исказ за кобните случувања во Собранието.

Коментирајќи ја интернет петицијата за нивна одговорност, Илиевски вели дека ова е слободна земја и секој може да го прави тоа што мисли дека треба да го прави. Според него, СДСМ се обидува да ги заплашува иницијаторите преку граѓанскиот сектор, но не исклучува дека е можно иницијативата да е оригинална.

Според Богдан Илиевски, на улиците има поддржувачи во доволен број. Признава дека бројот на граѓани е намален, но тоа е поради различни причини. Илиевски вели дека откако ќе помине време, луѓето кои се депримирани ќе се рехабилитираат, а за тоа тие ќе им помогнеле преку правната битка што ја воделе.

Враќањето на улиците ќе било во првиот момент кога ќе оценеле дека тоа е прифатливо, а конкретен ден и час сѐ уште нема. Илиевски ја демантира информацијата дека бил во ВМРО-ДПМНЕ на консултации, а според него, неговото поврзување со партијата секогаш го имало и ќе го има, но истото не го демантираше.

Кристијан Ландов

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија9 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија9 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ12 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија12 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет14 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет15 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет15 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион15 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет16 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...