Контакт

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Сведоштво на пратеничките: „А сега каде ќе бегате?“, „Сите ќе ве убиеме“, „Нема никој да излезе жив“

Објавено пред

Закани, пукања, димни бомби, страв за сопствениот живот и крв. Една недела по крвавата драма во Собранието, емоциите се измешани, траумите сеуште присутни. Сеќавањата на пратеничките Рената Дескоска, Ивана Туфегџиќ и Јулијана Николова се сеуште свежи. Тие се преиспитувале и прашувале меѓусебно, како да се спасат од насилниците кои влегле во прес центарот.

dobivaj vesti na viber

Ивана Туфегџиќ надежта ја изгубила во моментот кога видела како до претепуваат пратеникот Зоран Заев, а остро ги осудува дел од нејзините колеги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги посочува како организатори на инцидентите. За Туфегиќ, ќе останат врежани сите случувања, а се надева дека траумите ќе ги надмине.

„Кога излегувавме од пленарната сала, колешката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, се слуша и како ни се заканува и ни вика „А каде сега ќе бегате“, следите сцени покажуваат на што таа точно мислела. Тоа не беше народ, тоа беа лица платени криминалци, луѓе кои биле во затвор за двојни-тројни убиства, обвинети за силување, трговење со дрога. Ако ВМРО-ДПМНЕ се гордее со тој народ, тогаш да направат сериозни реформи во внатрешноста на партијата“, вели независната пратеничка Ивана Туфегиќ за Макфакс  која додава дека имало пратенички од ВМРО-ДПМНЕ кои биле им се извинувале и се оградувале поради случувањата.

Пратеничката Рената Дескоска не очекувала дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до момент да нарачува ликвидации. Дескоска додава дека во моментот на евакуација, полицијата ги сместила во исто возило со напаѓачите и со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои како што вели, претходно ги виделе како се бакнувале и честитале со напаѓачите.

„Размислувавме дека и дури кога ќе дојде полиција да не евакуира, да се обидеме да останеме што е можно подолго и да може сами да се спасиме, без да паѓаме во рацете на некој што можеби е инструиран од ВМРО-ДПМНЕ, па наместо да не спаси, да ни направи нешто друго“, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Рената Дескоска.

Траумите, како последица од крвавиот четврток во Собранието беа евидентни кај пратеничката Јулиана Николова од ЛДП. Нејзе од прес салата ја извлекол соработник од СДСМ, по што била однесена во некоја од канцелариите на повисоките катови. Николова не ги памети сите моменти од четврточните случувања, како последица на претрпениот стрес.

„Таму немаше чуства, тоа беше момент на шок, бидејќи не очекувавме дека ќе дојде до нешто такво. Едноставно, мислевме дека имаме еден одреден степен на заштита. Тоа се моменти кога милион мисли ви прелетуваат во глава, дека во моментот ќе влезат и тоа ќе биде крај на се.“, вели пратеничката Николова.

Трите пратенички се согласни, дека не очекувале да бидат тепани и пратенички, а нарачателите и сторителите треба да бидат најдени и казнети.

Кристијан Ландов

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија6 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија7 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ10 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија10 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет12 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет12 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет13 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион13 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет13 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија24 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...