Грк пронајден мртов на паркинг во Прилеп

Грк пронајден мртов на паркинг во Прилеп

Од полицијата велат дека во Прилеп вчера во 23.50 било пријавено дека на паркинг-простор во населбата Точила во патничко моторно возило „нисан микра“ со грчки национални ознаки на предното седиште бил пронајден починат В.М. (49) од Грција.

Од страна на лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт без знаци на насилство.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. Телото на починатиот е предадено за обдукција.