Контакт

Daily news

Илија Димовски од пратеник со најдолг стаж до лидер на ВМРО-ДПМНЕ?!

Објавено пред

Илија Димовски е пратеникот со најдолг стаж на партијата ВМРО-ДПМНЕ и со последните предвремени параламентарни избори ја троши 11-тата година во Собранието. Една од прогнозите на стручната јавност деновиве е дека Димовски по конгресот, можно е од пратеник да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ на местото на Груевски.

dobivaj vesti na viber

Димовски со неполни 26 години станува пратеник по изборите од 2006, при што неговата заслуга се темели на партиски активизам во Велес како дел од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Приврзаникот на Груевски важи за еден од најдобрите оратори во партијата и еден од највлијателните гласноговорници со поминати многубројни странски обуки за јавен настап и пиар. Димовски гласно зборуваше и за процесот на десоросоизација, иако Фондацијата „Институт отворено општество“ ќе обелодени дека и тој користел од парите додека бил член на пододборот за доделување грантови за младински програми.

Јавноста ќе се разбранува во 2009 по донесувањето на пресудата за аферата „Шпион“, каде што обвинитетот Марјан Ефремов во писмениот извештај ќе посочи дека од Илија Димовски добивал информации за состојбата на партијата и државата и за односите со колацискиот партнер ДУИ. Извештајот на Ефремов во „Шпион“ бил заведен како „Иле-3“ и бил испратен до унгарската разузнавачка служба.

Црна дамка во неговата кариера е и отворената постапка пртоив него, при што се сомничи за кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на државни пари за финасирање на изборите во 2014 година. Постапката ја поведе СЈО за предметот „Титаник“, во кој, освен него, се товарат лица од сегашното највисоко раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелациониот суд на Димовски му изрече мерка на претпазливост со одземање на пасошот и еднаш неделно да се јавува во судот. Димовски во неколку наврати бараше судот да му го врати пасошот и тврдеше дека нема каде да бега.

Инаку, гласот на пратеникот неколку пати кратко се слуша во опозициските бомби во разговор со тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Тој важеше за жесток противник на продолжувањето на мандатот на специјалното јавно обвинителство. При давањето на отчетот за сработеното, во Собранието Димовски во неколку наврати ја обвини обвинителката Катица Јанева дека работи во интерес на СДСМ.

Димовски сите овие години ја добива довербата од гласачкото тело во централниот дел на Македонија. На последните предвремени избори тој ѝ го обели образот на партијата, при што во Изборната единица број 3 донесе најголема предност во гласовите во однос на СДСМ. Покрај довербата кај гласачите, тој важи и за близок до лидерот Никола Груевски, а член е и на едно од највисоките тела на партијата, на Извршниот комитет.

Паралелно со пратеничката, Димовски добива и функција во партијата. Највисоката партиска функција му била доверена во 2007 година кога странува директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Седум години подоцна дава оставка од функцијата со образложение дека има зголемени активности во Собранието, при што паралелно е координатор и ја води пратеничката група на најголемата парламентарна партија. Во моментот уште ја извршува функцијата координатор, но овој пат на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ. Димовски е член на повеќе собраниски комисии и воедно потпретседател на Националниот совет за евроинтеграции.

Кон пратеникот во неколку наврати беше вперуван прстот дека нема завршено високо образование. Опозицискиот СДСМ го напаѓаше и го прогласи за вечен студент. За волја на вистината, во биографијата на Димовски во првите два мандата (2006-2011) стои дека е апсолвент на Правниот факултет, а веќе од 2011 неговиот образовен профил е сменет со дипломиран правник и постдипломец на Правниот факултет во Скопје.

Димовски е роден 1980 година во Велес, каде што завршил основно и средно образование и не e оженет.

Г.Д.М.

 

 

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија33 минути

„Пукање во кафич во Штип додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ туркаат закон за либерализација на трговијата со оружје“, велат од партијата Левица

„Вчерашните страшни сцени со пукање во кафич во центарот на Штип дополнително ја вознемири јавноста, додека премиерот Мицкоски и министерот...

Македонија45 минути

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ59 минути

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа2 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет2 часа

Џеј Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет3 часа

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „Рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ3 часа

Пукање во Штип, едно лице е повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет13 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија15 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија16 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија18 часа

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ19 часа

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија20 часа

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија20 часа

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија20 часа

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија20 часа

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...

Македонија21 час

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија22 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ23 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...