Косовец затекнат во касарната „Илинден“, ќе одговара за неовластено правење скици на воени објекти

Косовец затекнат во касарната „Илинден“, ќе одговара за неовластено правење скици на воени објекти

Косовецот бил затекнат во касарната „Илинден“ во Скопје по што бил приведен во полициската станица Карпош.

Од МВР велат дека вчера во 10 часот во полициска станица Карпош, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија од КЗ на РМ, бил приведен Х.Р. (58) од Косово.

Тој бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“. По целосно расветлување и документирање на случајот, ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се преземат понатамошни дејствија.