Контакт

Daily news

Портрет на новиот „раста“ министер за култура: Ќе го стопирам налудничавиот проект „Скопје 2014“

Објавено пред

Развојниот пат и биографијата на новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, во целост се посветени на културата, особено на издаваштвото и развојот на културните политики. Неретко јавно се огласуваше со свој коментар за каков било облик на репресија во државата, и е голем обожавач на рокенрол културата и јамајканската “раста“ идеологија. Во кусото интервју кое го даде за Макфакс вели дека приритетите ќе бидат стопирање на налудничавиот проект “Скопје 2014“, нов закон за заштита на културно наследство и департизација на институциите во културата.

dobivaj vesti na viber

-“Скопје 2014“ мораме веднаш да го запреме затоа што како од Пандорина кутија, секојдневно, во глуво доба и во црн мрак излегуваат нови кичести споменици, скулптури, пасажи, колонади коишто никому не му требаат, а кои прескапо ни ги наплаќаат, изјави за Макфакс Алаѓозовски.

Културното наследство. според него мора веднаш да се заштити затоа што секојдневно поради негрижа се оштетува и се губи.

-Во таа смисла ќе донесеме нов закон за заштита на културното наследство и ќе ја утврдиме приоритетната листа на споменици на кои им е потребна итна заштита. Веднаш ќе ја подобриме транспарентноста на Министерството и ќе направиме реформа на она што се нарекува Годишна програма за остварување на националниот интерес.

Бидејќи претходниот стратешки план на Министерството истекува годинава, ќе направиме сеопфатна анализа на неговата имплементација, воедно и анализа на целокупната состојба во културата, во институциите и тоа ќе биде база за утврдување на новата културна политика и приоритетите на новиот стратешки план. Ќе почнеме веднаш со развој на публика и на културна децентрализација, со цел да овозможиме секој граѓанин да го оствари правото на култура, вели Алаѓозовски.

Тој најавува ревизија во првите шест месеци на “Скопје 2014“.

-Ќе направиме сериозна анализа на тоа што е изградено, што е вградено, колкава му е вредноста, колку ќе чини одржувањето на тие згради и обележја. Ќе направиме меѓународна конференција за проектот со развој на идни сценарија што со него. Ќе бидеме внимателни со решенијата. Десетпати ќе мериме, еднаш ќе сечеме, по сеопфатна граѓанска дебата. Она што секако веднаш ќе го направиме е да извршиме деконтаминација на македонскиот дух од квазиидеологијата што овој проект ја еманираше и што сè уште ја држи земјата заробена како зла клетва на некој лош маѓепсник.

За себе вели дека е професионален и непартиски кадар.

-И тоа не е по исклучок, туку сме со намера да биде правило. И досегашните закони пропишуваа професионализација и департизација, но, за жал, беа изиграни. Ние ќе ги почитуваме законите и ќе имаме активна културна политика, во склад со општите владини политики за враќање на државата на граѓаните.

Алаѓозовски е основач и главен уредник во издавачката куќа „Готен“. Претседател и проектен директор во Здружението на граѓани „Есперанца светски културен центар“. Се занимава со менаџирање на интердисциплинарни проекти од областа на културата (Критичка култура, интеркултурна соработка, глобална мобилност).

Роден е во Струмица во 1973 година, оженет и татко на две деца. Член е на Друштвото на независни писатели на Македонија.

Матурирал во 1992 година во гимназијата „Јосип Броз Тито” во Скопје, во културолошка насока, со одличен успех.

Дипломирал  во 1997 година на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, со просек 9.03. Одбранил дипломска работа на тема: „Романот ‘Ние’ од Евгениј Замјатин во контекст на негативната утопија”.

Во 2002 година ја одбранил магистерска тема со наслов „Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза” на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, а во 2006 година се стекнува со европска диплома по културен проектен менаџмент во организација на фондацијата „Марсел Хиктер“ од Брисел.

Од 2011 година е во подготовка на докторска теза од областа на културниот менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.

Од 2005 до 2014 година  бил претседател на Европската мрежа на менаџери во културата „Оракл“ со седиште во Брисел.

Член е на педагошкиот тим на Европската диплома по културен проектен менаџмент со седиште во Брисел.

Исто така, бил член на уредувачкиот одбор на слисанието „Сараевски тетратки“.

Ана Василевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

Израелската армија утрово издаде итен апел до палестинските цивили во Газа да се евакуираат кон југ на градот, со цел...

Македонија2 часа

Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет4 часа

Трамп: Америка нема само да се брани, туку ќе оди во војна

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна,...

Македонија4 часа

Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но зголемената фреквенција на возила поради летните одмори и...

Македонија4 часа

Летни температури во септември, Скопје до 35 степени

Граѓаните на Македонија денеска ќе уживаат во сончево и топло време со слаба до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки...

Топ19 часа

24-годишник осомничен за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело...

Македонија20 часа

Интерната комисија проверува дали се правеле непотребни операции на срце, методологијата за работа е утврдена

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, која што ќе биде основата за анализата не...

Македонија21 час

(Видео) Утната процедура е можна причина за одложување на седницата за прислушувањата, Петровска бара декласификација

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција оцени дека власта намерно прави деловнички грешки со закажувањето на седницата на...

Македонија21 час

Поплаки за искинати учебници стигнале и до Јаневска: Потрошивме 11 милиони евра, што побарале училиштата, тоа добиле

Учебниците законски се менуваат на пет години, учениците треба да се грижат за нив, наставниците да ги научат на тоа,...

Македонија22 часа

Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат

Струшката полиција поднесе кривична пријава против двете лица на возраст од 38 и 61 години кои палеа душеци на депонија....

Македонија23 часа

Поранешниот директор на Онкологија не се чувствува виновен – продолжи судењето против Васев и тројцата онколози

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца други онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти,...

Македонија23 часа

Седницата за сомнежите за незаконско прислушување е одложена

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која беше...

Македонија24 часа

Кошта: На Северна Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“

Обвинителскиот тим, кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје...

Култура1 ден

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен...

Македонија1 ден

„Ем шуто ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и...

Македонија1 ден

Нема активни пожари во државата, под контрола еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои...

Топ1 ден

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол,...

Македонија1 ден

„Влен“: Во ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборната единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети,...

Свет1 ден

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиона „Ф-16“ прелетаа над американскиот разорувач со водни ракети „УСС Џејсон Данам“ во јужниот дел на Карипското...