Стево Пендаровски ќе биде национален координатор на Македонија за НАТО

Стево Пендаровски ќе биде национален координатор на Македонија за НАТО

Стево Пендаровски е именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членството во НАТО, потврдија денеска од Владата. Тој бил избран за оваа позиција на последната владина седница, но функцијата ќе ја преземе откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш Пендаровски останува пратеник во Собранието.

Македонија имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година кога на таа функција беше именуван министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата остана испразнета и беше во мирување по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на самитот во Букурешт во 2008.