Контакт

Daily news

Франција отворена за соработка со ФЕИТ

Објавено пред

Франција е отворена за соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

dobivaj vesti na viber

На денешната средба, која се одржа помеѓу францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние, и деканот на факултетот, Димитар Ташковски, заедно со продеканите, во просториите на ФЕИТ, амбасадорот се запозна со тековните наставни, научни и апликативни активности на Факултетот.

На средбата деканот ги презентираше новите и иновирани студиски програми на ФЕИТ, кои се акредитирани од учебната 2017/2018 година. На амбасадорот, освен студиските програми, му беа претставени и меѓународните проекти на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Посебен акцент беше ставен на соработката со француските универзитети и компании од областа на електротехниката и информациските технологии. На денешната средба се презентираше и се дискутираше за концептот на „Центар за трансфер на технологии и иновации – INNOFEIT“ со кој Факултетот очекува да прерасне во центар за извонредност во областа на ИКТ сервиси за новите мрежни инфраструктури.

Францускиот амбасадор во РМ, Кристијан Тимоние, изрази отворена поддршка за сите активности на Факултетот. Тој ги презентираше можностите кои Француската амбасада во Скопје ги нуди за студентите на ФЕИТ, но не го изостави и академскиот кадар.

На средбата се дискутираше за можностите асистентите од ФЕИТ да престојуваат на некој од француските универзитети, а се потенцираше и постоењето на стипендиите кои им стојат на располагање на студентите. н.ц.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Голем пожар во фабриката Ником во Кавадарци

Вчера вечер од 10:30 часот, голем пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа, Ником ДОО Кавадарци. Пожарот бил локализиран околу...

Македонија2 часа

„СДС очајно се обидува да го спаси судијата Пајазити, а крие и скандал – приведените за убиството кај Мавровка избегале од затвор во нивно време“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС на јавноста и презентира наоди за случајот со Блерим Рамадани ни помалку ни повеќе во прашална форма. Ова зборува...

Регион3 часа

(Видео) Голем пожар во Нови Сад, загинаа родители и четири деца

Во Нови Сад синоќа околу 2 часот и 30 минути избувнал голем пожар во семејна куќа. Како што пренесува српски...

Европа3 часа

(Видео) Повторно еруптираше вулкан на Исланд

Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше, исфрлајќи вжештена лава и чад, по шести пат од декември, соопшти денеска Исландската метеоролошка...

Свет4 часа

(Видео) Камала Харис ја прифати номинацијата, го одржа најважниот говор во нејзиниот живот

Потпретседателката на Демократската партија Камала Харис го одржа најголемиот говор во својот живот, на последната вечер од Демократската национална конвенција...

Македонија4 часа

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија19 часа

Во март 2025 година минималната пензија ќе биде 18.192 денари, за дваесет години петпати се зголемил трошокот на државата за пензиите

Парите со кои државата го помага исплаќањето на пензиите за две децении петкратно се зголемиле. „Макфакс“ направи анализа на трошоците...

Македонија19 часа

МВР: Мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика

Во врска со информациите кои непрекинато се шират по медиумите, а се поврзани со бегството на лицето Блерим Рамадани, МВР...

Македонија20 часа

Движењето ЗНАМ: Епохално неспособниот СДСМ, во чиј мандат ѝ го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата, нема право да го коментира нашето дејствување

„Епохално неспособната СДСМ во чиј мандат му го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата нема право да...

Скопје20 часа

Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени

„Мислам дека за Арсовска периодов премногу се кажа сѐ, би кажал дека е единица мерка на личност што создава непријатели...

Македонија20 часа

Врховниот го укина решението на Кривичниот суд за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани

Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани, со кое...

Македонија21 час

Мицкоски: Секој што згрешил пред законот – ќе одговара, убиството кај „Мавровка“ е расчистено, институциите експресно реагираа

„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и за загубениот човечки живот“, рече претседателот на Владата на...

Скопје24 часа

Очекувавме седница, но се закажа само затворена координација со градоначалничката, се жалат советниците во Град Скопје обвинети дека ја кочат Арсовска

Кога станува збор за интересите на граѓаните, особено во делот на јавна чистота, комунална хигиена и јавни претпријатија, сите одлуки...

Македонија1 ден

Фрчковски не е повеќе амбасадор во ОН, си поднесе оставка

Љубомир Фрчковски си поднесе оставка на местото амбасадор и постојан претставник на Северна Македонија во ОН во Њујорк. Оставката ѝ ја...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран

Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран,...

Свет1 ден

Ги одбивме украинските напади на нашата граница, соопшти Русија

Руски сили спречија украинска диверзантско-разузнавачка група да ја пробие границата во западниот регион Брјанск, на околу 240 километри од местото...

Свет1 ден

Бил Клинтон го исмеа Трамп: „Стар сум, но сè уште сум помлад од него“

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се обрати пред толпата на третата вечер од Демократската национална конвенција, му се заблагодари на...

Свет1 ден

Во Британија ќе биде одобрен лек што ја забавува Алцхајмеровата болест

Леканемаб, првиот лек во историјата кој е пронајден за забавување на Алцхајмеровата болест, ќе биде одобрен за употреба во Велика...

Регион1 ден

Одекна експлозија во Сараево

Во местото Илијаш, недалеку од Сараево, во текот на ноќта имало пожар, на кој, според сведоштвата на мештаните, му претходела...

Свет1 ден

Најмалку 11 лица загинаа во израелските напади на северот на Газа

Најмалку 11 лица загинаа утрово во израелски напад врз станбена зграда во градот Беит Лахиа во северниот дел на Газа,...