Јанакиески, Пешевски и Груевски на судење за случајот со изградбата на автопатите

Јанакиески, Пешевски и Груевски на судење за случајот со изградбата на автопатите

Во кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Траекторија“. Во овој предмет обвинети се четири поранешни владини функционери, осомничени дека во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Обвинети за злоупотреби во изградбата на автопатите се пораншениот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот премиер, Никола Груевски.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, потврди дека на 23 јануари годинава ќе сведочи во СЈО за случајот „Траекторија“. Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот, посочи дека е повикан во СЈО како претставник на државата.

К. Л.