Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Добил отказ од „Фени“ поради статус на Фејсбук, неизвесно за другите 850 вработени

Објавено пред

Четврти ден по ред нема чад од оџакот на фабриката „Фени“ во Кавадарци, но никој не се радува на почистата животна средина во градот. Кавадарчани живеат во страв дека поради огромните долгови ќе се затвори фабриката и околу 850 вработени ќе останат без работа.

dobivaj vesti na viber

Празен е паркингот на фабриката. Вработените велат дека во убавите времиња се барало место повеќе. По некое возило паркирано под сенките покажува дека сепак има луѓе кои дошле да работат.

Од вторникот единствената производна линија што е во функција  работи на одржлив минимум со 5 мегават-часа, односно се одржува топла само за да не се изгаси целосно. Производство нема.

Иако производниот процес сопрел неочекувано, вработените велат дека состојбата во фабриката, посебно последниве неколку месеци,  укажувала дека прекин е неминовен.

„Макфакс“ дојде до Орданче Бошковски, сега веќе поранешен вработен во „Фени“,  кого работниците го посочуваат како една од првите жртви на лошите состојби. Официјално добил отказно решение поради статус на Фејсбук, но тој вели дека раководоството само барало начин да го отстрани поради тоа што гласно почнал да го искажува незадоволството на работниците.

Проблемите му почнале откако станал член на синдикалната организација. Во моментот кога се подготвувале за штрајк, незадоволни од намалувањето на платите, надлежните од фабриката го обвиниле за дефект настанат кога тој не бил на работа. Бил даден на Дисциплинска комисија, заедно со уште еден колега. Комисијата не нашла вина ниту кај него, ниту кај колегата, но кога се вратил на работа по суспензијата, првиот работен ден го дочекало отказно решение.

„Сметам дека сум неправедно избркан од работа. Поднесов две тужби против ‘Фени’, едната е за мобинг што ми го вршеа последните месеци на работа, а другата за отказното решение“, вели Бошковски.

Тој нагласува дека незадоволството меѓу вработените во фабриката почнало пред околу две години. Тогаш според него почнало кратењето на вработените, отпуштањата како технолошки вишок и кратењето на платите.

Бошковски направил пресметка колку пари раководството им скратило на работниците.

„Ако поднесеме колективна тужба за парите кои ни се скратени таа би била на сума од 1,5 до 2 милиони евра“, вели Бошковски и нагласува дека додека се крателе платите на работниците, платите на менаџерите не се чепкале.

Тој верува дека судот по тужбите ќе пресуди во негова корист, но не е голем оптимист дека ќе има каде да се врати на работа оти фабриката, како што сега стојат работите, вели дека е пред стечај.

Неизвесноста за работниците ја потврди и претседателот на синдикатот, Ѓоко Палитов. По денешните состаноци со менаџментот на фабриката тој само кусо изјави дека се во исчекување.

„Немам што повеќе да кажам во моментов. Во исчекување сме, се надеваме на подобро, но конкретен договор немаме. Извесно е дека сите треба да доаѓаат на работа,  засега нема отпуштања, нема технолошки вишок, отпуштања на 70 отсто плата. Очекуваме дека менаџментот ќе донесе одлука да продолжи работата“, рече синдикалецот Палитов.

Директорот на „Фени“, Јусуф Миракхмедов, денес беше презафатен за да одговори на прашањата за судбината на вработените и фабриката.

„Многу сум зафанат, барајте ги секретарките“, одговори Миракхмедов кога го побаравме на мобилниот телефон.

Секретарките, исто како и завчера, најавија одговори на прашањата за фабриката, но не ги испратија.

Во фабриката, пак, вработените велат дека и денеска имало извршители кои го попишувале она што останало.

Неофицијално, извршители сакале да ги попишат и автомобилите на менаџерите па дел од вработените биле задолжени да ги сокријат.

Голем дел од имотот на фабриката е попишан од извршители

Меѓу првите извршители во фабриката влезе Ангел Костадинов.

„Од моја страна е спроведено извршување врз подвижни нешта на ‘Фени индустри Кавадарци’ по барање на доверител. Попишан е дел од опремата, како и фероникелот. Но, истовремено ве информирам дека по мојот попис, пристапија кон попис и други извршители, и тоа за многу поголеми побарувања. Од колегите дознав дека се работи за Стопанска банка, Комерцијална банка, како и одредени добавувачи на должникот со поголеми износи“, ни рече Костадиновски.

Долгот за кој тој извршил попис изнесува околу 4 милиони евра и, како што вели, е меѓу најмалите долгови што ги има фабриката. Тој ја застапува фирмата „Ролис ГМ“, која заедно со фирмата „Селекта“ се поврзува со семејството на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков.  Вработени во фабриката велат дека двете фирми вршеле транспорт за потребите на „Фени“ откако бил затворен рудникот Ржаново.

Според вработените во фабриката, по долгот за отплата на кредити, меќу најголемите долгови е долгот за струја, кој надминувал 7 милиони евра.

„Фени“ купува струја од Енерџи деливери солушнс, односно ЕДС ДОО Скопје. Дел од медиумите ја посочија оваа фирма како виновник за случувањата во „Фени“ па од ЕДС испратија официјално соопштение.

„Би сакале да потенцираме дека ЕДС ДОО Скопје ниту ја иницирала постапката за блокирање на сметките на ‘Фени индустри АД’ ниту, пак, има желба ‘Фени индустри АД Кавадрци’ да се затвори. Напротив, ЕДС ДОО Скопје, како и досега а така и понатаму, својата иднина на македонскиот пазар ја гледа во соработка со успешни и просперитетни компании во кои несомнено ја вклучуваме и Фени“, велат од ЕДС.

Поради заштита на интересите на клиентот, од ЕДС не кажуваат за колкав долг за струја се работи и дали веќе имаат договор за начинот на кој ќе им биде исплатен.

Долгот за струја, според вработените, надминува 7 милиони евра

Сличен е ставот и на банките. Од банките со кои соработува „Фени“ велат дека долговите и кредитите се банкарска тајна.

Охрабрување за судбината вработените во „Фени“ добија само од Влада од каде најавија помош, но не кажаа за каква помош се работи конкретно.

„Фени е компанија во приватна сопственост. Станува збор за голем комбинат што вработува околу 850 лица.  Во интерес на државата е  секоја фабрика да работи непречено и без проблеми. За таа цел Владата останува отворена  да помогне онаму  каде што може во рамките на своите надлежности. Остварени се контакти со менаџментот на ‘Фени индустри’ и од нивна страна се презентирани проблемите со кои се соочуваат и се разгледуваат можните решенија и како истите да се надминат“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

На ваквите ветувања вработените велат дека не се радуваат и потенцираат дека сегашната состојба на „Фени“ е резултат на борба на крупен криминал.

текст: Маја Илиевска Пачемска
монтажа: Бојан Ефремов
камерман:Тони Кузмановски



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања...

Македонија2 часа

(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи...

Македонија2 часа

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола против осум физички и едно правно лице

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични...

Македонија3 часа

(Видео) „Избери време и место, избери и новинари, донеси и публика, излези да се соочиме, јас ќе дојдам сам“, му порача Максим Димитриевски на Филипче

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава на лидерот на опозицијата Венко...

Македонија6 часа

(Фото) Кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на Ново Село

Поднесена кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари....

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски ја вети подземната кај „Лимак“ што ја ветуваа и Арсовска, Шилегов и Трајановски: Ќе ја смени сообраќајната иднина на градот

Проектот за подземната сообраќајница кај„Лимак“ не е само дел од мојата програма туку е вистински пресврт за централното градско подрачје,...

Македонија6 часа

М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори’“

Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20...

Македонија8 часа

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува...

Топ8 часа

Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот. Според информациите...

Свет9 часа

Трамп за договорот за војната во Газа: Неверојатно е, целиот свет се обедини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран би можел да биде дел од поширок мировен договор на Блискиот Исток...

Свет10 часа

УНИЦЕФ: Светот ги изневери Палестинците, 20.000 деца се убиени

По објавувањето на првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа владееше огромно чувство на радост...

Свет10 часа

Светските лидери му се заблагодаруваат на Трамп за договорот меѓу Хамас и Израел

Светските лидери го поздравија договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп. Еве...

Свет10 часа

Израел и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа

Израел и Хамас се согласија за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, договор за прекин...

Македонија20 часа

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам...

Македонија20 часа

Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ

На денешниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот...

Македонија1 ден

Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но...

Македонија1 ден

Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба...

Македонија1 ден

Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран...

Македонија1 ден

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...