Daily news
Оф фест 2017“ со експересивни и антиглобалистички музички изведувачи
Дамир Имамовиќ – босанскиот севдах-модернист, македонската група „Љубојна“, италијаните Bella Ciao, португалска фадо ѕвезда Жизела Жоао, авангардните Јужнокорејци Black String, Марја Нут, данското дуо Den Sorte Skole и претставувањето на издавачката етикета „Глитербит рикордс“ со двете нејзини вонсериски пројави – Кинг Ајисоба од Гана и Мавританката – Нура Минт Сајмали, ќе бидат дел од 16. издание на ОФФест, што ќе се одржи на неклолку локации во главниот град од 25 до 28 мај.
Почеток, ќе биде означен во четврток, од 20 часот, на сцената во Македонскиот народен театар, со Дамир Имамовиќ и Љубојна.
За сараевчанецот Имамовиќ, инаку вистински следбеник на лозата врвни интерпретатори на севдалинки, познато е дека посветен истражувач на босанскиот мелос, едукатор и продуцент. Но, наместо до немајкаде да ги „преџвакува класиците“, тој креира спој на музика и поетика кои ја крепат идејата за севдах. Меланхоличен и модерен, токму онаков како што треба за средба меѓу световите. Впрочем не случајно на неговата скорешна објава како продуцент се јавува Крис Екман од WALKABOUTS и со-основач на „Глитербит рикордс“.
Втората вечер на Оф-Фест 2017 ќе ја отворат Bella Ciao, кои од своја страна го заговараат повторното оживување на богатата традиција, на проектот насловен „Нова италијанска канцона“ во чии рамки се збирани музичките материјали настанати во периодот 1954 – 1964 година. Преку своите слободоумни вредности и пораки за мир и граѓанско општество, песните од овој циклус, интерпретирани од хармоникашот Рикардо Теси, гитаристот Маурицио Гери, перкусионистот Џиџи Бјолкати и пејачите како Лучија Галеаци, Лиуза Костифољи, Елена Леда и Алесио Лега, не само што ја задржале нагласената моќ, туку во себе носат и нов императив во глобализираниот свет.
По нив ќе ја чуеме и видиме Жизела Жоао, новата португалска фадо ѕвезда, чија пројава ја карактеризираат „тивката меланхолија, еруптивниот и суров климакс и болното помирување со судбината“. А, што друго да се очекува од од потписничката на албумот „ Nua “ (2016) и девојката која знае да каже: „Мнозина мислат дека фадото е тажно, но тоа не е тажно туку интензивно. Како и самиот живот.“
Во МКЦ, во сабота, на 27 мај, во 20.30 часот случувањата ќе започнат со хипнотичната естонска виолинистка и пејачка, минималистката Марја Нут и нејзиниот собеседник и композитор на електронска музика Хендрик Каљујарв. Тие ќе ја сторат овдешната промоција на нејзиниот многу фален актуелен албум „Une Meeles “, кој освен што заведува со индициите за блискот до делата на творци како Арво Перт и Филип Глас нуди и нови хипнотички звуковни пејзажи.
Потем следува перформансот на Јужнокорејците Black String, бендот на Јон Џеонг Хо, некогашниот член на Tori Ensemble, и дружината која експериментирајќи на инструментариумот сочинет од геомунго, бамбусови флејти, разни перкусии се стреми кон „нов звук кој соединува различни изрази од традиционалната музика, е и во хармонија со останатите глобални стилови“. И, конечно, длабоко по полноќ, во Станица 26, е планиран да се случи перформансот на данското дуо DEN SORTE SKOLE (Мартин Хојланд и Симон Докедал – грамофони и електроника), кои бришејќи ги сите огради нудат концепт на „раскажување музички приказни низ времето и просторот“.
Последната вечер од годинашниот фестивал,онаа планирана за во недела 28 мај, е концептуална и во основа подразбира претставувањето на реномираната издавачка етикета „Глитербит рикордс“. Од таму најнапред во кино „Фросина“ ќе биде прикажан документарниот филм „Every Song Has Its End“ на американскиот продуцент, филмски режисер, професор и музичар Пол Чендлер кој е посветен на културолошкото богатство на традиционалната музика од Мали. Веднаш по ова исклучително остварување следува концертот на харизматичниот и неодолив пејач од Гана – Кинг Ајисоба со неговиот бенд и специјалниот гостин Зеа, продуцент на актуелниот албум „1000 Can Die“( во кој независно дали се пее и пораките се соопштуваат на еден од автентичните јазици како фрафра, тви или на пиџин англиски, како што се вели, „историјата и денешнината стојат заедно“) и член на легендарниот холандски пост-панк бенд The Ex. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.