Контакт

Daily news

Приватните фејсбук-профили на министрите управувани со државни ресурси

Објавено пред

Владини функционери, советници и државни службеници водат фејсбук-кампања за локалните избори. Мила Царовска, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски се дел од министрите што ги користат своите страници на „Фејсбук“ за партиска промоција на кандидатите за градоначалници.

dobivaj vesti na viber

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на својот фан-страница на „Фејсбук“ како насловна фотографија го објави официјалниот слоган на партијата СДСМ за овие избори, како и линк до партиската програма. Од нејзиниот кабинет за „Макфакс“ велат дека профилот го уредува лице од Министерството, но и самата министерка и дека сите партиски ангажмани Царовска ги извршува строго надвор од работното време и за време на викенд.

„Министерката Мила Царовска е член на работни тела на СДСМ, а во Владата е ангажирана на предлог на оваа партија. Таа ја спроведува програмата ‘Живот во Македонија’, која беше предложена на парламентарните избори. Сите ангажмани поврзани со партијата Царовска ги спроведува исклучиво и строго надвор од работното време и само за време на викенд. На официјалната фејсбук-страница на Министерството за труд и социјална политика не постојат постови со партиска содржина. Министерката повлекува строга граница меѓу ангажманот како министерка и партискиот ангажман“, велат од нејзиниот кабинет.

Фотографијата на фејсбук-страницата на Царовска е објавена на 25 септември (понеделник) во 21.49 минути. Покрај Царовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, социјалните мрежи ги користи за промовирање на новите партиски штабови што партијата ги отвора во Македонија, но и за пренесување на пораката на граѓаните дека тие ќе гласале за „Живот во Македонија“. Доколку прегледате што друго има објавувано Николовски, ќе забележите дека тој на 26 септември (вторник) бил на партиска средба со граѓани во Валандово, заедно со кандидатот за градоначалник Перо Костадинов, а фотографиите на неговата страница на „Фејсбук“ се објавени во 20 часот.

„Фан-страницата на социјалната мрежа е страница на Љупчо Николовски, кој е член на Извршниот одбор на СДСМ и шеф на Кабинетот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Постовите на фан-страницата ги објавуваат Николовски и тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кога објавите се поврзани со неговата функција министер. Но, пристап за уредување на фан-страницата има и тимот од Центарот за комуникации на СДСМ, кој ги постира објавите со партиска проблематика“, велат од Кабинетот на Николовски.

Тие додаваат дека во согласност со законските одредби, Николовски сè до завршување на работното време и обврски во МЗШВ доследно ја извршува функцијата министер.

„По завршување на работното време и за време на викенди има партиски активности како член на Извршниот одбор на СДСМ и шеф на Кабинетот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Но, сите активности поврзани со изборната кампања ги извршува надвор од работното време и со ресурси од партијата. Николовски прави строга граница меѓу ангажманот како министер и партискиот ангажман“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од Кабинетот на Николовски се децидни дека нема прекршување на Кодексот за административни службеници. Праксата на водење политичка кампања на јавна фејсбук-страница, каде што претставниците на Владата настапуваат во својство на министри, ја има и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. На 25 септември споделила објава со наслов „Живот во Македонија за сите“, каде што објавила и линк што води до партиската програма за локалните избори. Истиот ден објавила и фотографија со слоганот на владејачкиот СДСМ за локалните избори 2017.

„Поделбата на државата од партијата е принцип на чие почитување министерката Радмила Шекеринска недвосмислено инсистира. Објавите на официјалните социјални мрежи на Министерството за одбрана ги објавува тим од Министерството и таму во никој случај не можете да најдете постови поврзани со партиската функција на Шекеринска. Но, фан-страницата е страница на Радмила Шекеринска, која е и заменик-претседател на СДСМ. На фан-страницата постовите ги објавува тим од Министерството кога објавите се поврзани со нејзината функција во Владата, а кога објавите се поврзани со партиска проблематика, нив ги става тим од Центарот за комуникации на СДСМ“, велат од Кабинетот на Шекеринска.

Од Министерството за одбрана потенцираат дека постои строга граница меѓу ангажманот на Шекеринска како министер и заменик-претседател на СДСМ, а велат и дека сите активности поврзани со изборната кампања таа ги извршува надвор од работното време и со ресурси од партијата.

Трите министерства со кои контактира „Макфакс“ велат дека фан-страниците на „Фејсбук“ не се на министерствата, туку приватна сопственост на министрите. Но, во секое министерство има тим што работи на одржувањето, како што велат, на приватните фејсбук-страници.

Кодескот за административни службеници на Министерството за информатичко општество и администрација, објавен во „Службен весник“ бр 27/14, во членот 10 вели „Административниот службеник ги извршува работите политички неутрално, без да навлегува во вредносно преиспитување на утврдените политики. Административниот службеник не го застапува и изразува своето политичко уверување во вршењето на службените задачи и не врши политички активности кои може да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор“.

Кристијан Ландов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија7 часа

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија8 часа

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет10 часа

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион12 часа

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет13 часа

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет14 часа

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет15 часа

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет16 часа

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа1 ден

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија1 ден

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ1 ден

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија1 ден

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија1 ден

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија2 дена

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија2 дена

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија2 дена

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија2 дена

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...