ММФ остана на своите прогнози за 2017, но предупреди и на постоечки ризици за економиите

ММФ остана на своите прогнози за 2017, но предупреди и на постоечки ризици за економиите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) остана на своите економски прогнози за 2017 година, но ги повика владите да преземат дејствија против постојните закани на забавениот економски раст и протекционизмот.

Според Фондот, производството треба да нарасне до 3,1 отсто до крајот на оваа година, пред да достигне до 3,4 отсто во текот на јули 2017.

И покрај тоа ММФ ги намали прогнозите за растот на обемот на светската економија и производството во развиените економии со аргументи дека се влошиле перспективите за богатите економии во текот на оваа година.

„Од суштинска важност е да се заштитат перспективите на растечкото трговско обединување”, изјави главниот економист во ММФ. Маурис Обстфелт.

Фондот ги намали прогнозите за раст на САД, но ги зголеми за Јапонија и за ЕУ.

Според ММФ причината за влошените прогнози за САД е, дека економијата изгубила дел од импулсот, којшто се закотви од глобалниот раст во текот на последните години. За оваа година се предвидува 1,6 отсто пораст за американската економија, коешто е значително помало од јулските прогнози кои предвидуваа пораст од 2,2 процента.

Инаку, во исто време ММФ ги зголеми прогнозите за раст на економијата за ЕУ, но остана предупредувањето за можните последици од Брегзит и штетите од ниската инфлација. Последната прогноза предвидува раст на европската економија од 1,7 отсто за 2016 година, кое што предвидува пораст ланските предвидувања кои беа 1,6 отсто.

Има пораст и во предвидувањата за пораст на цените за следната година од 1,4 отсто за време на јули, на 1,5 отсто сега.ММФ предвидува завршеток на падот на економиите на Русија и Бразил, враќајќи ги соодветно позитивните вредности на раст за идната година до 1,1 отсто и 0,5 отсто.По однос на инфлацијата во Русија, фондот очекува таа да биде 5,9 отсто за оваа а 4,9 отсто за идната 2017 година. Тоа е значително подобрување на јулските показатели кои предвидуваа соодветни 6,6 отсто за оваа и 5,2 отсто инфлација за идната година./крај/мф/вц

Извор: Reuters