Македонија
Судскиот совет со нови оценки и бодови го враќа Владимир Панчевски „во игра” за уште еден претседателски мандат
Судскиот совет на Република Македонија во експресна постапка, на седницата која се одржа во петокот извршила преоценување на двајцата кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје.
Според сознанија на Макфакс, Судскиот совет, за доскорешниот претседател Владимир Панчевски, дал највисоки резултати, веројатно, за да може да остане во тека за претседател на скопска “единица”, но затоа, пак, на неговиот конкурент, судијата Иван Џолев му ги намалил бодовите, иако тој имаше добиено подобри оценки за неговото работење.
Одлуките на Судскиот совет на кандидатите им биле врачени во петокот , пред крајот на работното време, со напомена дека по однос на решенијата се допуштени жалби во рок од осум дена,но малку е веројатно дека и да има жалби тие ќе бидат прифатени и на седницата, закажана за в четврток, Владимир Панчевски да треба да добие уште еден мандат.
Низ судските кулоари се шпекулира дека зад Панчевски застанал претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, кој и до сега го игнорираше однесувањето на Панчевски, кому токму судијата Иван Џолев му подснесе кривична пријава за влијание при донесување на судска одлука.
Со новото преоценување и бодирање Судскиот совет најверојатно планира да го задржи Панчевски во игра и покрај тоа што угледот на судот, во времето кога тој претседателуваше беше на најниско ниво, а односите меѓу вработените беа до крај нарушени.
Владимир Панчевски, изминативе месеци, е во фокусот на интерес на јавноста како поради неговиот игнорантски однос кон Специјалното јавно обвинителство, така и поради скандалите кои се однесуват на неговата дивоградба во строгиот центар на Скопје. За името на Панчевски се врзуваат и приватни афери и скандали./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.