Македонија
МОН: Реалните барања на средношколците се исполнети, средношоклците да се вратат на настава
Министерството за образование и наука (МОН) смета дека реалните и издржани барања на средношколците се исполнети и апелираат сите ученици кои ја бојкотираат наставата да се вратат во училишните клупи.
Средношколците пак се уште кампуваат пред зградата на МОН и добиоја поддршка од родителите кои формираа Родителски пленум којшто најави заедничка средба на родителите од сите училишта во Скопје и Македонија за во понеделник во 17 часот на плататот пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.
„Неоправданото отсуство од настава е сериозен ризик кој го доведува во прашање воспитно образовниот процес и правилното насочување на учениците. Дополнително, матурантите кои ја бојкотираат наставата и полагањето на државната матура, го доведуваат во прашање личното право за продолжување на високото образование, односно уписот на факултет, а одговорноста е подеднакво голема како за менаџментот на училиштата, така и за наставниците, но пред сé за родителите.Истовремено, апелираме и до сите останати општествени чинители, кои во средношколците гледаат инструмент за остварување на лични агенди, наместо манипулација, злоупотреба и поддршка на бојкотот, да придонесат кон заложбите за градењето на поквалитетен образовен систем на сите нивоа, што впрочем и треба да биде наша заедничка и единствена цел“ се вели во соопштението на МОН.
На средбите со средношколците, според МОН, било одлучено и понатаму да продолжи примената на досегашната концепција за државна матура и завршен испит, да се врати стариот модел на полагање државна матура, полагањето на тестовите да се врши единствено во писмена форма и предметот математика да биде алтернативен за сите ученици.
„Веќе од понеделник ќе започне и пријавувањето на матурантите за полагањето на државната матура по стариот модел, додека по однос на екстерното тестирање, согласно досегашната пракса, во следните денови ќе биде објавен и јавниот базен со прашања по сите предмети за оваа учебна година“ соопштуваат од МОН.
Средношколскиот пленум му испрати писмо на вицепремиерот Владимир Пешевски кој според средношколците, на последната средба на еден од претставниците на средношколците му рекол „Знам кој те праќа“.
„Ја жртвуваме сопствената иднина за да го подобриме образованието. Го жртвуваме сопственото спокојство за добробитот на сите сегашни и идни средношколци. Наместо во училишните клупи и во своите топли домови, деновите и студените ноќи ги минуваме во шатори. Се арчиме за иднината на образованието и немаме намера да застанеме! Визијата за образовен систем базиран на слобода, добрина, правда и љубов е нашиот основен двигател и воедно извор на нашата истрајност. Нашата кауза е чиста, нашата цел алтруистичка и добронамерна. Во неа нема апсолутно никаков простор за политички партии! Сега откако ја сфаќате нашата сериозност и тежина но одбивате да ги признаете, проблемите со кои ние средношколците се соочуваме ги девалвирате и ги сведувате на лично индивидуално ниво. Згора на тоа тврдите и дека знаете кој не праќа. Господине Пешевски, Ве прашуваме каде бевте сите изминати средношколски маршеви кои што за првпат во историјата се случуваа низ целата држава за да видите кој не праќа?!“ се вели во писмото./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор
Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова расправија меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор, стои во написот.
Од своја страна, Европската комисија вели дека „сите страни“ треба да се држат до договорот.
„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјави портпаролот на Европската комисија за „Еурактив“.
Ратификацијата на трите протоколи предизвика политичка полемика во Атина.
Протоколите, кои се дел од Договорот од Преспа, се однесуваат на одговорностите на Грција во однос на контролата на воздушниот простор на Северна Македонија и му обезбедуваат на Скопје обука и знаење за прашањата на ЕУ, пренесува „Еурактив“.
Скопје
Реконструирана училишната спортска сала во основното училиште „Мирче Ацев“
Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.
При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити, извести општина Ѓорче Петров.
Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.
Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука, се додава во соопштението на општина Ѓорче Петров.
Скопје
Вежбалница на отворено првпат во општина Илинден
Комплетно опремена спортска вежбалница на отворено првпат добија жителите на општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко-велосипедската патека во Марино.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека во рамките на ова фитнес-катче, каде што младите, па и повозрасните жители на општината, ќе можае да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес-справи.
Досегашната пракса на инвестирање и создавање услови за спортување постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортскиот терен за вежбање на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, соопштуваат од Општината.