Македонија
Немири на границата, еден мигрант починал од струен удар
Македонско-грчката граница е затворена, а ситуацијата со ескалираше откако во четврток се степаа бегалците од воените подрачја и мигрантите, на кои не им се дозволува влез во Македонија.
Еден мигрант, за кого се претпоставува дека е од Мароко, загинал од струен удар при допир со високонапонски кабел додека се качувал на кров на воз, јави АФП.Некои медиуми јавуваат Грција ги затвори границите со Македонија за сите без разлика од која земја доаѓаат. Утрово грчките специјални сили се распоредени на границата за да ги спречат немирите. Македонските власти доведуваат дополнителни полициски сили на границата. Од синќа на полноќ на полноќ, претставници на УНХЦР и неколку други невладини организации го напуштиле кампот поради безбедносни причини. Економските мигранти на кои не им се дозволува да влезат во Македонија, им се закануваат на бегалците од воените подрачја. Македонската полиција користи солзавец за да ги потисне демонстрантите, а мигрантите се снабдуваат со алат за сечење на жицата. Дел од оградата е веќе уништен./крај/тј
Извор: Фото: АП
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот
Појадок во пекара, на вежбање барем два пати неделно, ручек или вечера во ресторан, во кино со друштвото, на супер забава во ноќен клуб. Халкбанк започна нова Cashback кампања за младите на кои овие активности им се дел од неделната рутина. Сите корисници на Halk EZ пакетот кои плаќаат со Visa PayWave дебитната картичка, а и корисниците на Visa Platinum дебитните картички имаат можност да добијат 10% поврат на средства (cash back) за трансакциите направени на одредени продажни места низ земјата.
Кампањата важи за плаќања на локации како ресторани и други места за јадење, пекари, дискотеки и ноќни клубови, кино сали и центри за вежбање. Оваа Cashback акција започна на 15 декември и ќе трае до 15 март. При тоа, корисниците имаат можност да добијат поврат на средства до 1.000 денари на секои 30 дена од времетраењето на кампањата.
Halk EZ пакетот е креиран за да им понуди на младите ново банкарско искуство кое е прилагодено на нивниот динамичен начин на живот. Со новата Cashback кампања, на младите лица на возраст од 16 до 24 години, корисници на ХалкЕз пакетот практично им е овозможено и да заштедат додека уживаат во нивните омилени активности или се забавуваат со друштвото.
Повратот на средствата ќе се реализира по завршувањето на секој месец од стартот на кампањата директно на платежната сметка на корисникот. При тоа, важно е да се напомене дека оваа акција важи само за трансакции направени на ПОС терминали во одредените локации.
Преку оваа Cashback кампања, Халкбанк ја наградува лојалноста на членовите на Halk EZ заедницата. Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е иновативен банкарски пакет за млади со голем број поволности и динамични содржини. Пакетот опфаќа бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
ПР
Македонија
Започнува пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон
Денеска официјално започна пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година. Пријавувањето може да се изврши преку официјалната веб-страница на маратонот, на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk.
Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија следната година повторно ќе ги обедини спортските ентузијасти, професионалци и рекреативци, со можност да учествуваат во четири трки: маратон, полумаратон, Комерцијална Банка 5KM, и Штафетен Маратон – ЕУ за Спорт.
Без разлика дали сте искусен маратонец или рекреативец кој сака да го направи својот прв чекор кон здравиот начин на живот, Wizz Air Скопски маратон нуди трка која е создадена за вас. Ова е можност да ги поместите своите граници, да ја почувствувате енергијата на публиката долж улиците на Скопје и да бидете дел од заедницата која го слави спортскиот дух.
За сите заинтересирани, регистрацијата е отворена, а првиот рок за пријавување по најповолна цена е до 10 февруари, 2025 година. Осигурете го вашето место и станете дел од ова уникатно спортско искуство! Последниот рок за пријавување е до 19 септември, 2025, а сите учесници кои ќе се пријават до 29 август 2025 ќе добијат маица со логото на трката во својот стартен пакет – одличен сувенир, кој ќе ги потсетува натпреварувачите на нивното учество!
Покрај незаборавното искуство и гордоста од постигнатите резултати, сите учесници кои ќе ја стартуваат трката на 5 октомври ќе добијат вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на маратонот – Wizz Air. Ова е идеална можност за сите љубители на авантури да започнат нови патувања.
Маратоните не се само натпревари – тие се патување кое го менува животот. Тие се предизвик кој го обликува вашиот карактер, ја зголемува вашата дисциплина и ја зајакнува вашата посветеност. Учество во Wizz Air Скопски Маратон значи и приклучување кон глобалното семејство на тркачи кои ја слават издржливоста, силата и спортскиот дух.
Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од една од најголемите спортски манифестации во регионот. Регистрирајте се уште денес преку официјалната веб-страница и започнете го вашето патување кон успехот!
ПР
Македонија
Од 1 јануари фирмите ќе плаќаат до 100 проценти повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник за фер наплата
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.
Со измените во Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата.
Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари, посочуваат надлежните.
„Клучните измени вклучуваат:
· За користење на просторот за експлоатација: Надоместокот се зголемува за околу 30%.
· За експлоатација на мермер: Надоместокот ќе изнесува 5% од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена.
· Металични минерални суровини: Зголемување од досегашните 2% на 4%.
· Неметалични минерални суровини: Зголемување во просек над 100%.
Измените не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија.
Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој“, се истакнува во соопштението.
„Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор“, изјави министерката Сања Божиновска.
Министерството се раководеше од детална анализа на регионалните и светските практики, како и препораките од Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени. Дел од анализите ги испраќаме во состав на ова соопштение до јавноста.
Министерството, како што е најавено, продолжува со залагањата за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација.