Македонија
Објавени имињата на 22 кои останаа без аболиција
Меѓу оние кои останаа без аболиција, откако Претседателот Ѓорге Иванов, во петок, реши да ја повлече за 22 политички експонирани лица, се очекуваните, но и неколку неочекувани имиња.
Имено, Претседателот Ѓорѓе Иванов го повлече помилувањето на 22 лице, затоа што смета дека политичарите не може да бидат над законот, а меѓу нив, како што е објавено во „Службен весник3, во сабота, се, Никола Груевски, Зоран Заев, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протугер, Мендух Тачи, Љупчо Димовски, Трајко Вељановски, Зоран Верушевски, Коце Трајановски, Владимир Талески, Бранко Палифров, Бранко Црвенковски, Ирена Мишева.
Без аболиција останаа и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, членот на ДИК Бедредин Ибраими, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, и поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ.
Без аболиција останаа и директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, функционерот во МВР, Тони Јакимовски, како и членот на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури.
По одлуката на Иванов, аболицијата останува за 33 лица, ако се изземе починатиот Коста Крпач, против кои се водат истраги или пак се подигнати обвиненија за сериозни кривични дела. Според Законот, тие можат да побараат од Претседателот повлекување на помилувањето.
Меѓу оние кои беа помилувани се и специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски, кои веќе имаат поднесно барање за повлекување на помилувањето уште пред да бидат донесени измените на законот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.