Сервисни информации
Рекордни ниски температури измерени во Македонија
Најстудено со минус 28 степени во неделата утрото било во Берово. Според УХМР следи -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје.
Нови врнежи од снег ноќта кон неделата и утрото не се забележани , а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово.
Инаку според податоците на Управата за хидрометеоролши работ, најниската температура измерена некогаш во Македонија, е измерена на 27-ми јануари 1954 година во Берово кога се измерени минус 31,5 Целзиусови степени Целзиусови. Оваа температура е евидентиран како најниска во Македонија од 1925 година наваму, откако се регистрираат податоците.
Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка од 215 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во земјава ќе биде насекаде негативна и ќе достигне од -12 до -7 степени.
Времето понеделник ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер.
Најниската утринска температура во земјава ќе се спушти во интервалот -25 до – 15, а највисоката дневна од -13 до -7 степени.
Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно и многу студено со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -19 до -8.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот./крај/ухмр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утревечер и во петок нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Времето утре ќе биде променливо облачно.
Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени..
Сервисни информации
Сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови со услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд
Времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотарен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен.
Од недела следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.