Uncategorized
Антикорупциска побара од Обвинителство да отвори истрага против опозициски функционери
Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Основното јавно обвинителство Скопје да отвори истрага против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за незаконско распоредување и унапредување на вработени во МВР, по распишување на одлуката за предвремени парламентарни избори, што според комисијата, е кршење на членот 8-а од Изборниот законик на Македонија.
Комисијата денеска оваа одлука ја донесе на јавна седница, едногласно, откако претставка на Спасовски му поднел дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов.
Известителот за овој предмет Фарие Алиу, ги прочита наводите на Андонов во претставката против Спасовски, дека на унапредените началници во МВР, Спасовски им ја зголемил и платата.
„Од доставените решенија и наредби за распоредување за вршење работни задачи на
работни места со повисоко звање на лицата им се утврдува плата во висина на платата на работно место кое се задолжува да го работат што значи основна плата и зголемен износ на средства наменет за плата за 30 отсто поврзано со одреден статус. На овие вработени во МВР им се исплатува зголемена плата различна од редовните месечни исплати што ги примале приложена документација и носат датум 18 октомври 2016 година“, рече Алиу.
Претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски, во врска со вториот предмет во кој се посочува на користење на јавни ресурси од Јавното комунално претпријатие во Куманово, чии возила биле користени за транспорт на партиски материјал за опозицискиот СДСМ, рече дека е основан.
„Приговорот е поднесен за непочитување, односно повреда на одредбите од членот 8б од
Изборниот законик и во него се наведува дека повредата ја извршиле вработени во ЈКП
Куманово и претставници на СДСМ и коалицијата. Наводите укажуваат дека на денот и по денот на донесување на решението за распишување на изборите користејќи службени
возила и вработени од Јавното комунално претпријатие Куманово пренесуван е изборен и предизборен материјал за партиски цели на СДСМ и коалицијата“, рече Тануровски.
Заедно со приговорот, додаде, доставени се и фотокопии од фотографии, објава од текстови од медиуми и видеа на ЦД.
Комисијата изгласа дека надлежното обвинителство треба за овој случај да влезе и во СДСМ, кај градоначалникот од СДСМ на Куманово Зоран Дамјановски и кај директорот на кумановското комунално претпријатие и повратна информација да се достави до ДКСК и до ОЈО./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.