Домашен
Вардар без решение за Жалуз
Европскиот шампион Барселона го совлада Вардар со 31:30 (16:13), во седмото коло во Лигата на шампионите. Барселона со оваа победа го презеде врвот на табелата во Б групата со 11 бода, еден повеќе од Вардар.
Македонскиот првак одлично се престави пред публиката во Барселона, во текот на целиот меч држеше приклучок, но ‘црвено црните’ не најдоа решение за Жалуз кој ја наполни до врв ја наполни со голови мрежата на Штербик.
Вардар, бавно влезе во натпреварот и и овозможи на Барселона на истекот на осмата минута да стекне предност од четири гола (5:1), поради што Раул Гонзалес побара минута одмор.
Вардар полека ги консолидираше своите редови, неколку пати стигна до гол негатива, но Тунижанецот Жалуз во нападот и младиот голман Де Варгас, ја одржуваа разликата на страната на Барселона. Првиот дел заврши со неверојатниот гол на Жалуз по истекот на времето за 16:13.
Стартот на второто полувреме најави дека Вардар има намера до крај да се бори за победата, предводени од Горбок избраниците на Гонзалес за четири минути го свртеа резултатот со серијата од четири голови (16:17).
Но Вардар во второто полувреме го прифати брзото темпо кое го наметна Барселона, таквиот ритам продуцираше неколку технички грешки на ‘црвено црните’ кои домашниот тим ги искористи и создаде предност од три гола.
Вардар на пет минути до крајот се доближи на гол негатива, но повеќе немаше сили за евентуален пресврт.
Горбок со осум и Брумен со четири голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека Штербик имаше 13 интервенции, колку што на спортивната страна забележа и Де Варгас. Барселона во нападот ја предводеше Жалуз со 12 голови, додека Кире Лазаров само еднаш се запиша меѓу стрелците.
Во наредното, осмо коло, на 22.ноември Вардар и Барселона ќе играат во Скопје. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.