Свет
Скандали на конференцијата на ОН за расизмот
Европските претставници ја напуштија конференцијата на ОН за расизмот во Женева, кога иранскиот претседател Ахмадинеџад ја нарече израелската влада расистичка
Почетокот на говорот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад бил проследен со инцидент, кога двајца демонстранти со кловновски перики влетале во салата во која се одржуваше конференцијата. Претходно израелската влада го повлече својот амбасадор од Швајцарија, во знак на протест против средбата на швајцарскиот претседател Ханс-Рудолф Мерц со Ахмадинеџад. „Решивме да го повлечеме својот амбасадор Илан Енгар на консултации и така да го изразиме своето несогласување со одржувањето на конференцијата Дурбан 2 на која учествуваат и расистички негатори на холокаустот кој јавно ја кажа својата намера да го избрише Израел од светската карта.“, стои во соопштението на владата во Тел Авив. Полска беше последната држава којашто им се придружи на САД, Израел, Канада, Италија, Австралија, Германија, Холандија и Нов Зеланд кои ја бојкотираа конференцијата во Женева. Тие сметаа дека Ахамдинеџад повторно во својот говор ќе промовира антисемитски ставови. Вашингтон претходно објави дека ќе ја бојкотираат конференцијата на Обединетите нации за расизмот, заради разликите околу прашањето за Израел и правата за слободата на говорот. САД соопштија дека иако документот околу кој ќе се води расправата е изменет, се’ уште тој содржи некои делови кои за нив се неприфатливи.Портпаролот на американскиот државен секретар за надворешна политика, Роберт Вуд рече дека текстот на документот уште содржел изрази кои во целина ја повторуваат Декларацијата Дурбан и Акциската програма од 2001 г., за кои веќе претходно се изјасни дека не може да ги поддржи. Вуд дополни дека Вашингтон е загрижен и заради новите допоненија на предлогот на декларацијата го се однесуваат на слободата на говорот.И во 2001 г. САД и Израел ја напуштија конференцијата во јужноафринаканскиот град Дурбан, откако Тел Авив и ционизмот беа цел на многу критики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.