Европа
YouGov предвидува победа на противниците на независноста на Шкотска
Меѓународниот центар за истражување на јавното мнение YouGov предвидува дека шкотскиот референдум ќе заврши со победа на поддржувачите на идејата Шкотска да остане во рамките на Обединетото Кралство, за што изјаснувањето заврши во 23 часот по македонско време.
Единственото прашање на гласачкото ливче гласеше „Дали се согласувате Шкотска да биде независна земја?“.„YouGov предвидува дека кампањата ‘Не’ победила на референдумот со 54 отсто од гласовите. Кампањата ‘Да’ освоила 46 отсто“, се истакнува во соопштението објавено на сајтот на центарот, кој ја направил проекцијата врз база на изјаснување на избирачите по гласањето.Притоа, претседателот на YouGov, Питер Келнер, изјави дела 99 отсто е убеден во победата на противниците на независноста на Шкотска. „Доколку сме направиле грешка, и доколку кампањата ‘Да’ победи, тоа би требало да значи дека ние, и бројни други истражувачки агенции, сме направиле некоја голема грешка. Ризикувам по осум часа да изгледам како целосен идиот, и велам дека кампањата ‘Не’ 99 отсто победува“, изјави Келнер за телевизијата Sky News.Пребројувањето на гласовите од референдумот на кој според излезните анкети има огромна излезност и силна поделеност на избирачите, започна веднаш по затворањето на избирачките места истовремено во сите 32 региона. Готовите резултати ќе бидат предадени за проверка во еден центар на изборната комисија во градот Инглстон крај Единбург. Објавувањето на резултатите од референдумот ќе се случи по финалното пребројување на сите гласови. Се предвидува дека резултатите од референдумот кои со нетрпение се очекуваат, како во Велика Британија, така и во Европа, ќе можат да бидат соопштени во петок наутро меѓу 6,30 и 7,30 часот по локално време, односно 7,30 и 8,30 часот по македонско. Не е исклучено објавување на конечните резултатите да претставува само формалност, а исходот од гласањето да биде познат неколку часа претходно./крај/мф/сн
Извор: Sky News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.