Контакт

Европа

Лавров: Обете страни треба да се придржуваат до примирјето во Украина

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му порача во петок на својот американски колега Џон Кери дека е важно и украинските сили и проруските сепаратисти да се придржуваат до примирјето на истокот на Украина, договорено пред еден месец.

dobivaj vesti na viber

 

 

Прекинот на огнот, што беше договорен на 5 септември во Минск, последните денови е сериозно нарушен во Доњецк. Обете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.

 

„(Лавров) истакна дека е важно обете страни од договорот од Минск строго да се придржуваат кон примирјето“, соопшти руското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор на Лавров со Кери.

 

Лавров, исто така, ја нагласи потребата од повлекување на тешкото вооружување од тоа подрачје, каско и улогата на ОЕБС во надгледувањето на ситуацијата на боиштето, се додава во соопштението.

 

Според мировниот план, завојуваните страни мораат од боиштата да го тргнат тешкото вооружување и да создадат 30 километри широка зона на раздвојување, со припадниците на ОЕБС како посматрачи.

 

Русија претходно ги обвини украинските сили за загинувањето на швајцарскиот државјанин, вработен во Меѓународниот Црвен крст, кој во четвртокот загина при гранатирањето на Доњецк. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија5 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија10 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија11 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија12 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет12 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет13 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет14 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија15 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија16 часа

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет1 ден

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија1 ден

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија1 ден

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 дена

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 дена

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 дена

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...