Европа
Наместо Јужен тек, Русија подготвена да преговара за други опции
Русија е подготвена да разговара со некои земји коишто беа дел од сега веќе напуштениот проект за гасоводот Јужен тек, евентуално да ги вклучи во нов проект, изјави во средата навечер рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чижов.
Русија е подготвена да разговара со некои земји коишто беа дел од сега веќе напуштениот проект за гасоводот Јужен тек, евентуално да ги вклучи во нов проект, изјави во средата навечер рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чижов.
„Јас сум убеден дека руската страна е подготвена да преговара со тие земји за тоа што треба да сториме и како да излеземе од оваа ситуација“, изјави рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов кого го цитира агенцијата РИА Новости.
Истакна дека е премногу рано да се зборува за тоа кој добил или кој загубил со одлуката на Москва да го затвори проектот за кој имаше многу пречки од Европската комисија. „Мислам дека, во прв ред, конечниот биланс ќе треба да се сумира кога ќе се гради алтернативниот гасовод“, истакна Чижов.
Чижов зборувајќи за преговорите со земјите кои се загрижени од прекинот на изградбата на Јужен тек, ја исклучи Бугарија од какви и да се преговори, оценувајќи дека станува збор за земја на којашто не може да ѝ се верува. Србија, Унгарија и Австрија рускиот дипломат, пак, ги наведува како земјите со коишто Русија би можела да преговара за новите опции, два дена откако рускиот претседател Владимир Путин во турската престолнина Анкара објави дека Москва го укинува проектот Јужен тек, оправдувајќи го тоа со одолговлекувањето и одбивањето на Бугарија да дозволи поминување на гасоводот преку нејзината територија, на пример, преку ексклузивната економска зона.
Чижов појасни дека новиот гасовод ќе биде трасиран по дното на Црното Море и на копното ќе излезе на западната страна од неговиот европски дел. „Кога овој центар ќе биде изграден на турската територија, ќе видиме, имајќи го предвид времето, а тоа нема да биде скоро, каква ќе биде позицијата на ЕУ и на заинтересираните земји. Во крајна линија, гасоводот може од таму да оди во сите насоки и тоа нема да биде полошо отколку што се движеше Јужен тек од Бугарија кон оние земји коишто се’ уште покажуваат интерес за добивање гас преку Јужен тек“, додаде Чижов.
Истиот ден кога објави дека се откажува проектот Јужен тек, Путин во Анкара најави дека Русија е подготвена да изгради гасен центар на турско-грчката граница, за да испорачува гас во Европа, како надомест за губењето на Јужниот тек./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.