Европа
Пет нови жртви во судирите во источна Украина
Три украински војници и двајца цивили ги загубиле животите во судирите меѓу рускојазичните бунтовници и силите лојални на прозападните власти во Киев, соопштија во саботата власите на одметнатата самопрогласена Народна република Донецк и украинската армија.
Судирите продолжуваат само еден ден откако борбите на рускојзаичните бунтовници и украинската армија за контрола над аеродромот кај Донецк ги прекинаа мировните преговори.
Портпаролот на украинската воена операција во југоисточните региони негираше во саботата дека бунтовниците успеале да го заземат аеродромот источно од Донецк, додавајќи дека ситуацијата таму е многу тешка по повеќемесечните судири за контролата на оваа стратешки важна локација која се наоѓа во центарот на територијата што ја контролираат проруските милиции.
Во нападот на бунтовниците од ноќта кон саботата врз аеродромот Донецк беа убиени шест украински војници, а ранети 18. Аеродромот го контролираат владините сили чии десантни сили го заземаа во април минатата година на самиот почеток од судирите, иако од комплекс изграден за европското фудбалско првенство пред три години по деветмесечните судири останаа само урнатини.
„Силите коишто учествуваат во антитерористичката операција (како што Киев ја нарекува воената операција во источна Украина), го држат под контрола ова мести“, изјави портпаролот на украинскиот Свет за безбедност и одбрана, Андриј Лисенко.
Претставниците на Украина и на Русија, челниците на самопрогласените ткн народни републики во Донецк и Луганск и претставници на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) требаше во петокот да се сретнат повторно во белоруската престолнина Минск и да се обидат да ги обноват мировните преговори и прекинот на огнот.
Меѓутоа, оваа средба на ткн Контактна група за Украина не се одржа и покрај апелот на украинскиот претседател Петро Порошенко и германската канцеларка Ангела Меркел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.