Регион
Ердоган ја почна кампањата за референдумот за уставната реформа
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика во петокот своите приврзаници да ја започната битката за референдумот за уставните промени со коишто ќе се прошират овластувањата на шефот на државата, што како што истакна, на Турција ќе ѝ донесе повеќе стабилност.
Два месеца пред одржувањето на референдумот, на 16-ти април, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го одржа првиот собир на своите поддржувачи во Кахраманмарас, на југоистокот од земјата, иако кампањата всушност започна пред неколку денови со кои Турците треба да се уверат да ја поддржат оваа уставна реформа.
„Се наоѓаме пред историска одлука. Турција на 16-ти април ќе се одлучи за реформа“, навести Ердоган кој во текот на викендов ќе одржи говори во неколку градови на југоистокот од земјата.
Бидејќи некои политички противници тврдат дека исходот од референдумот е неизвесен, Ердоган ги повика своите приврзаници да „тропнат на сите порти“ за да се придобијат милионите засега неизјаснети турски гласачи кои сигурно ќе влијаат врз резултатот.
Уставните промени кои ги побара владејачката Партија правото и развојот (AKP), оправдувајќи го тоа со примерите како американскиот или францускиот претседателски систем, ги разгоре страстите во Турција. Дебатата за ова прашање во парламентот предизвика и парламентарни физички пресметки со невидена жестокост.
Според нацртот од законот, извршната власт којашто ја извршува главно премиерот, би се пренела на претседателот, којшто., покрај тоа , би можел директно да интервенира и во правосудниот систем. Според поддржувачите, таквата мерка е неопходно за Турција да има силен лидер кој би можел да се справува со економските и безбедносните предизвици.
Меѓутоа, противниците на предлогот сметаат дека Ердоган, кого го обвинуваат а авторитарно владеење, особено по пропаднатиот обид за воен пуч од ноќта на 15-ти јули 2016 година а чијашто главна цел беше всушност неговото соборување со реформата би добил преголеми овластувања.
Турскиот претседател Ердоган, пак, одлучно ги отфрла ваквите обвинувања и порачува дека претседателскиот систем не го посакува за себеси. „Кој сум јас? Обичен смртник“, рече./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Регион
Не ги навредив Бугарите, туку ја критикував нашата влада, објасни хрватскиот претседател по изјавата на која реагираше Софија
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека со изјавата дека Хрватска е „на дното на ЕУ по повлекувањето на европските пари, а само Бугарија е полоша“, не ги навредил Бугарите, туку ја исмејува хрватската влада која прави „будали и социјални случаи“ од нејзините граѓани.
Милановиќ претходно рече дека „Хрватска е дното на Европската унија и дека само Бугарија е полоша“, па секој ден се молат на Бога, Бугарија да остане последна и ништо да не и се случи, бидејќи во спротивно би била Хрватска“. По изјавата, според хрватските медиуми, Бугарите ја повикале хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњеновац и изразиле незадоволство, пренесува порталот „Индекс“.
Бугарското Министерство за надворешни работи на хрватскиот амбасадор му пренело „длабоко разочарување од изјавата на претседателот Милановиќ“, каде што истакнале „дека изјавата е неприфатлива за Бугарија и не е во согласност со одличните билатерални односи меѓу Хрватска и Бугарија“.
Тие истакнаа и дека се надеваат дека „хрватската влада ќе се огради од таа изјава“.
„Не ги навредив Бугарите, туку исмевав некои елементи на хрватската влада кои не’ прават будали и социјален случај“, рече шефот на хрватската држава и додаде дека претходно ја критикувал земјата на тема повлекување европски пари.
„Дали можеме да кажеме дека Хрватска се моли Сингапур последен да подигне пари? Дали тоа звучи подобро? Но, Сингапур не е европска земја. Значи некој мора да биде последен. Тоа е Бугарија, а Хрватска е претпоследна“, рече Милановиќ и потсети дека тоа се статистички податоци и дека тоа досега го кажал десет пати.
„Тоа е потсмев, за жал, на сметка на некои во Хрватска кои не прават социјален случај, кои не можат да земат доволно европски средства, па затоа сме претпоследни. Нормално, гледаш кој е последен. Бугарија е последна, секогаш е последна (…) Хрватска е претпоследна“, рече Милановиќ.
„И тоа е факт за кој зборував десет пати. Алелуја (…) Тоа се факти за кои мора да се разговара во политиката бидејќи се многу релевантни податоци. Зошто Хрватска е претпоследна? Зошто не е петата одоздола, или петта одозгора. Зошто не е? Веројатно некој е одговорен за тоа“, додаде тој.
На крајот, како што додаде, никој не се моли Бугарија да пропадне, туку дека неговата изјава е верзија на американската шега за сојузната држава Арканзас, која „се моли на Бога Мисисипи, кој е најсиромашниот, да биде здрав и добро“, бидејќи во спротивно тоа би бил Арканзас.
„За да го знаете тоа, треба да прочитате нешто во животот, а не да се занимавате со селски скандали“, рече Милановиќ.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.