Uncategorized
Дневен хороскоп 4-ти декември
Овен
Каде и да излезете ќе се чувствувате пријатно. Забавите ќе бидат по ваша мерка. Оние што се уште сами нека го прифатат секој повик и покрај тоа што на почетокот нема многу да ветува. Набргу ќе сфатат дека убавиот збор им ги отвора ширум сите врати. Напредувањето во кариерата ќе биде на повидок, но и финансиската стабилност. Потребна е уште поквалитетна организација, како на плановите, така и на самиот оперативен дел на работата. Така сите ќе бидете во добивка.
Бик
Подгответе се однапред денеска ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите, бидејќи вашиот партнер не ќе знае што чуствуате кон него, па тоа може да доведе до несакани ситуации. Потрудете се повеќе.
Близнаци
Наполнете ја целосно батеријата на вашиот мобилен телефон, бидејќи ќе бидете попопуларни отсекогаш. Денес комуникативниот Меркур преминува во вашата 3-та куќа на дружбите, правејќи ве душата на секој собир.
Ако сте сингл, потребно е да ја барате љубовта во вашето место на живеење, а не надвор од него. Таа е поблиску одошто си мислите.
Рак
Малку поголеми страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запомнат овие денови по квалитетниот еротски живот. Личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ги повикуваат во своето друштво.Можеби ќе треба малку да се помачите и да се борите за некои работи, но тоа ќе ви оди од рака. Само немојте да подлегнете на јаловите размислувања. Едноставно прифатете го она што можете сега да го направите и не очекувајте ништо повеќе.
Лав
Некои од вас ќе се соочат со сериозни професинални дилеми и ќе биде потребно многу мудрост за да го повлечете правилниот конец. Сите претставници на овој знак ќе морате да обрнете повеќе внимание на вашето здравје, бидејќи се можни проблеми. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегните. Сега склопените љубовни врски можат да бидат без иднина , но сепак изборот останува на вас.
Девица
Шаренилото кое сега го живеете се одразува на вашите лични односи. Можете да бегате, можете да трпите, а може и иронично да се смеете. Вие веројатно ќе поминувате низ сите тие реакции, но вашата сила ќе биде присутна. Ќе се обидувате да обновите некои стари контакти кои ветуваат. Тоа ќе биде најдобриот дел од работната седмица. Сè останато ќе ви биде малку здодевно. Најдобро ќе им биде на оние што се на одмор. Тие вистински ќе уживаат без премногу грижи.
Вага
Денес ќе го мислите она што го кажувате. Комуникативниот Меркур влегува во вашата 2-ра куќа на самодовербата, па никој нема да може да ги промени вашите ставови.
Не се изненадувајте ако ви стане изгледот многу важен кога избирате партнер. Ќе ги обожавате убавите нешта.
Скорпија
Ве очекуваат напнатости. Деловните односи донекаде ви се пореметени, но набрзо тоа ќе се подобри. Најмногу задоволство ќе наоѓате во необавезните дружења и контакти со луѓето кои ги сакате. Финансиската ситуација помалку ќе ве измачува, вашите примања се помали од моменталните трошоци. Размислете и пронајдете додатна заработувачка. Сентименталните односи ви се стабилни.
Стрелец
Повеќето денови ќе ги поминувате сами, копнеејќи. Ако сте во врска, поради нешто ќе бидете малку отуѓени. Приликите за љубов ќе ве одминуваат. Немојте да тагувате, оваа фаза ќе помине наскоро. Сè е на свое место. Веројатно ќе избиете во прв план. Вам ви преостанува да работите и да покажете што знаете. Околностите, луѓето и случувањата ќе ви одат од рака. Многумина ќе добијат вистинска прилика, онаа што долго ја очекувале. Некои одговори сè уште ги чекате, но подоцна ќе дојдат.
Јарец
Вашите зборови ќе имаат огромна моќ во периодот кој доаѓа, па многу е важно да внимавате како ги користите. Комуникативниот Меркур ќе престојува во вашиот знак, правејќи ве моќен оратор.
Тешко некој ќе може да ви одолее додека зборувате и ќе забележите дека луѓето зјапаат во вас со занес. Со помош на интелектот ќе ја освоите личноста којашто ви се допаѓа.
Водолија
Работете ја работата посериозно и целосно. Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина. Некоја личност од порано која ви должела ќе ви возврати со услуга. Во љубовта чувствувате мала несигурност. Разговарајте со вашиот партнер и бидете искрени. Тоа може да помогне.
Риби
Ќе бидете несигурни во работата која ја работите особено во средување на некои документи. Очекувајте успех од личност од вашето семејство што за вас ќе биде голема радост. Ве очекуваат парични проблеми исплатите кои ги очекувате ќе бидат помали, па не е исклучена можноста да се обратите некому за позајмица. Ве измачуваат љубовни проблеми. Здраствената состојба ќе ви се подобри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

