Контакт

Билтен

Македонија „сива зона“ во финансирање на политиката

Објавено пред

Во Македонија имало примери за незаконито финансирање на кампања, сме поднесувале кривични пријави каде општините плаќале за купување на ИТ опрема за политичките партии и тоа било потврдено од страна на општините со официјални документи, но обвинителот во ниту една ситуација не најде сила да поведе постапка и некого да казни за незаконито финансирање на кампања, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернашнл Македонија во Ноќен Експрес на Радио Мрежа Канал77.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„За разлика од Германија и Хрватска кај нас институциите не преземаат ништо и заради тоа имаме голема сива зона во финансирање на политиката. Досега сме имале многу такви случаи и сите биле доставени до Јавното Обвинителство и сите останале неразрешени односно одбиени“, вели Тасева и додава дека на некој начин обвинителство како да го прикрива или го покрива овој криминал.

Според анализа на ценовниците на платено политичко рекламирање наспроти економското пропагандно рекламирање од изборите во 2014 и 2016 година презентирано во Ноќен Експрес од управителот на Радио Мрежа Канал 77 Горан Гаврилов, корупцијата на медиумите има своја претходница наречено „припејд„ постапка што би значело дека политичките чинители во 2014 година и сега во 2016 имаат механизам на спонзорство на медиумите, каде што медиумот се откажуваше од својата бруто добивка и се јавуваше како спонзор на политичка партија за да ја намали цената. Но бидејќи тоа се укина тие решија да ја намалат цената на евро секунда затоа што се должи со владиното рекламирање, добивање тендери и други клиентелистичким услуги за да не платат политичките партии премногу, а мора да платат бидејќи се издава фактура и на тој начин политичките субјекти поминат со помал буџет од реалниот , вели Гаврилов.

Тоа значи дека тие директно влијаат на висината на ДДВ.

Опозицијата во овој случај ги добива цените коишто самата власт успеала да ги добие..Ова укажува дека вистинитоста на потрошените буџети на политичките партии се неточни бидејќи реалната цена на економскиот маркетинг е 5 пати повиска. Медиумот е задоволен бидејќи се раздолжил со рекламно време и не платил доволно ДДВ исто така и нарачателот не го платил ДДВ –то, не го регистрира Комисија за заштита на конкуренција, УЈП не го регистрира…Да сте во нормална пазарна економија наглото девалвирање на цените за 100 пати подолу од нормалната или 30 пати подолу од нормалната значи прикривање на данок . Сите заедно овие чинители го прават кругот на корупција, вели Гаврилов.

ВМРО ДПМНЕ според ревизорските извештаи за политичка кампања за 5 години потрошила 4.5 милиони евра повеќе од тоа што било донирано на нејзина сметка, тврди Горан Левков новинар кој направил истражување на тема Финансирање на политички партии во Македонија направено преку ревизорските извештаи и состојбите на терен .

„Ја истражувавме владејачката партија во последните неколку години од 2011 до 2016 година и само од парите потрошени за политички кампањи и парите собрани од донации излегува дека ВМРО ДПМНЕ е во минус од 4.5 милиони евра. Од друга страна пак тие имаат 40 нови имотни листови од 2014 година до сега.
Во тој период партијата може вложила од 5 до 10 милиони евра само за купување недвижни имоти за нивни седишта“, вели Левков, при тоа додавајќи дека тука има една голема разлика во прикажаните приходи и расходи. /крај/канал77



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Билтен

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

Објавено пред

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства, изјави денеска на прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според Николовски, ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ.

„До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола. Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација“, вели Николовски.

Прикажи повеќе...

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ27 минути

Кривични против три лица од Струмица: грабнале 32-годишна жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради...

Европа47 минути

Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од...

Свет1 час

(Видео) Се активираше вулкан на Филипините, пепелта се издигна на околу 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри...

Свет3 часа

Кина одговори на заканата на Трамп за нови царини: Ќе се бориме до крај

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап и вети дека ќе...

Европа3 часа

Зеленски за прв пат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Газа е неверојатно вреден недвижен имот, би било добро да го поседуваат САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека сака САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, опишувајќи ја палестинската енклава...

Македонија16 часа

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита...

Македонија19 часа

29-годишниот Aлександар е 61. жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од трет степен

Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тој почина денес...

Македонија20 часа

Потребни се итни акции за спас на Преспанското Езеро, клучна соработката со владите во Грција и Албанија

Првиот вицепреммиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија „Рамсар“, предводена...

Македонија20 часа

Очигледно, направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува бргу да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува бргу да се коригира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија од 33 отсто....

Македонија21 час

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април...

Македонија22 часа

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на...

Топ22 часа

Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско,...

Топ22 часа

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински...

Македонија1 ден

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Македонија1 ден

Партијата Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните...

Свет1 ден

Милијардер близок до Трамп: Не е тоа за што гласавме

Менаџерот на Хеџ Фонд, Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна...

Европа1 ден

Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но...

Свет1 ден

(Видео) Хамас го ракетира југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да земете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на...