Uncategorized
САД протераа 35 руски дипломати и затворија две руски згради
САД протераа 35 руски дипломати и затворија две руски згради во Њујорк и во Мериленд, оправдувајќи го тоа со наводен притисок врз американските дипломати во Москва, изјави во четвртокот вечерта неименуван висок американски функционер.
Одлуката е насочена против дипломатите во руската амбасада во Вашингтон и во конзулатот во Сан Франциско, како одговор на руската кампања на застрашување на американските дипломати во Москва и вмешувањето на Русија во американските претседателски избори, рекол анонимниот извор на Reuters.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, чијашто кандидатка Хилари Клинтон од Демократската партија беше поразена на 8-ми ноември од републиканскиот кандидат Доналд Трамп, најавила и низа мерки против Русија. Тоа е одговор на наводните руски хакирања на американските политички институции, односно на поразената Демократска партија и нејзини поединци, и на наводно истекување на информации за да им се помогнело на Трамп и на другите републикански кандидати, рекле за агенцијата двајца американски функционери.
Трамп, кој ја презема должноста на 20-ти јануари, се зазема за подобрување на односите со Русија. Тој претходно седмицава го обвини Обама за намерно предизвикување заострување на односите и со традиционалниот американски блискоисточен сојузник Израел, откако САД првпат од 1979 година не вложија вето во Советот за безбедност на ОН за резолуција насочена против еврејската држава. Засега не е познато дали тој ќе ги поништи овие мерки.
На руските дипломати им е даден рок од 72 часа да ги напуштат САД, рекол американскиот функционер. Тој одбил да ги именува дипломатите на кои се однесува мерката, но рекол дека амбасадорот Сергеј Кислјак нема да биде протеран.
Пристапот кон двата комплекси згради кои руските службеници кои користат за разузнавачки состаноци, според билатералниот договор во однос на трети страни или земји, ќе им биде ускратен на сите руски службеници од петокот на пладне, додале соговорниците на Reuters.
„Тие мерки се преземени како одговор на руските притисоци на американските дипломати и дејствувањето на дипломатите за кои оценивме дека не се во согласност со дипломатската практика“, изјавил функционерот.
„Се надеваме дека по наметнувањето на трошоците за руските дипломати во САД и скратувањето на пристапот на двете локации, руската влада ќе ги преиуспита своите постапки , кои го отежнуваат дејствувањето и ја загрозија безбедноста на нашата амбасада во Русија“, изјавил американскиот функционер без да прецизира.
Руските медиуми дознаваат дека под американските санкции се и руските безбедносни служби Федералната служба за безбедност (ФСБ) и воената Генерална управа за разузнавање (ГРУ), пишува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на министерството за финансии на САД кое дејствувало по указ на претседателот Обама.
Покрај овие служби, под санкции се и компаниите „Специјален технолошки центар“ во Санкт Петербург и „Професионалната асоцијација на дизајнери а обработка на податоци“ и „ЦОР Секјурит“ во Москва.
Покрај тоа на „црната листа“ на САД се и шест физички лица, кои ТАСС ги именува, а кои наводно според американската администрација биле службеници на ГРУ, како и за едно лице кое има и руски и латвиско државјанство./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

