Uncategorized
Груевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за продолжување на мандатот на СЈО
Во интервју за „Дневник“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи на продолжување на рокот на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи „од авион се гледа оти обвинителството работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија и за држење во заложништво на една политичка партија во Македонија“, како и дека „со пролонгирање на роковите за СЈО, со сигурност ќе се пролонгира кризата“.
„Имавме преговори летото 2015 година. Сите четири партии се договоривме и потпишавме одредба со која СЈО ќе има 18 месеци за истражување и за евентуално поднесување обвинение ако против некој обезбеди докази. Ние испочитувавме сè од тој договор. Дури, наместо 18, добија три и пол месеци дополнително време, во периодот помеѓу 15 септември и 30 декември 2015 година, кога објаснуваа дека им требало време да се екипираат, да набават сеф за креираните снимки, па мал бил тој сеф, бараа поголем, па видовме дека им требало простор колку за три видеоленти и слични лажни изговори“, изјави Груевски.
Според Груевски, „очигледно е, од авион се гледа, дека СЈО работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија“.
„Сето ова го кажувам за да објаснам дека нема правни или суштински потреби за продолжување на тие 18 месеци на СЈО, туку има политички потреби на надворешни фактори заради остварување некои други нивни цели и интереси. Идејата за пролонгирање на 18-те месеци не потекнува од СЈО. Тоа го знам, не го претпоставувам. Од овие причини ние донесовме одлука дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за продолжување на рокот на СЈО и тоа неколкупати го објавивме. Ниту, пак, оние две други барања поврзани со Законот за заштитните сведоци и со судско одделение за предметите на СЈО. Ова беше наш јавно искажан став и пред изборите и повеќепати за време на кампањата, кога гласачите ги запознавме со тоа дека ние сме против продолжување на 18-те месеци мандат на СЈО“, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „со пролонгирање на роковите за СЈО со сигурност ќе се пролонгира кризата“.
„Некаде март или април 2016 година, а неколкупати и подоцна, кога првпат ни беше спомнато дека ќе се бара продолжување на рокот, ние понудивме решение: ако навистина не можат да постигнат временски со работата, да го зголемат бројот на обвинители. Наместо потребните часови за сработување на задачата да се добијат со пролонгирање на рокот, истото да се постигне со повеќе вработени луѓе во СЈО кои ќе ги изработат тие работни часови во истиот рок. И тоа не се прифати, без да ни понудат контрааргументи. Јасна е работата зошто. Не им е потребно време за работа, туку им треба време и СЈО за други цели. Второ, ако ДУИ не сака да коалицира со нас заради тоа што не прифаќаме продолжување на 18-те месеци на СЈО, и тоа го правиме со силни аргументи на кои никој нема одговор, тогаш би одговорил дека тие можат да постапуваат како што ќе одлучат. Јас на почетокот кажав, ние нема да правиме коалиција по секоја цена. Сепак, ДУИ знае дека биле ние во владата или во опозиција, барањето за СЈО нема да се реализира, бидејќи и договорот од јуни-јули 2015 година и Законот за СЈО предвидуваат дека за негова промена не е потребно само двотретинско мнозинство, туку и согласност на сите четири партии потписнички“, вели Груевски во интервјуто за „Дневник“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram

