Контакт

Daily news

Иво Вајгл: Влада ќе се формира

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Европарламентарците доцна вечерва во Стразбур расправаа за извештајот за Македонија подготвен од известувачот Иво Вајгл, што треба да се најде на гласање на сесијата на Европскиот парламент во мај. Речиси без исклучок сите побараа претседателот Ѓорге Иванов да престане да го блокира формирањето на новата влада, а Парламентот да почне да работи на „нормален начин“. Немаше парламентарец кој ситуацијата во земјата не ја оцени како многу сериозна, а политичката криза како се подлабока, со заедничка оценка дека тоа ја загрозува европската перспектива на земјата.

 

Според преставникот на малтешкото претседателство, Јан Борг кој настапи во име на Советот на ЕУ, Македонија страда од поларизација и  култура на поделби, а системски мани се регистрираат во судскиот систем,  човековите права и борбата против корупцијата.  Ненад Мимица, еврокомесар за меѓународна соработка и развој од Хрватска  ги  повика политичките фактори да ги почитуваат резултатите од изборите, претседателот Иванов да дозволи да се формира владата, а политичките партии да престанат да долеваат оган на меѓуетничките односи. Тој изрази силна загриженост за  нападите врз граѓанскиот сектор од страна на државните институции, нешто што го споделија како став и  други говорници во ЕП, и даде силна поддршка за продолжувањето на мандатот на СЈО.

 

„Влада мора да се формира. Но, тој процес  е во рацете на претседателот и на политичките лидери. Само тие можат да ја вратат Македонија на патот на евроинтеграцијата“, порача Мимица. На крајот тој  ја предупреди актуелната власт во Македонија дека добрата соработка околу мигрантите не значи дека ќе ги затворат очите пред нарушувањето на демократијата во земјата.

 

Кнут Фленкештајн порача дека е лошо да се држи цела земја заложник затоа што не се оствариле очекувањата на една партија за останување на власт. „Поголемиот дел од  земјата мисли дека демократијата функционира само ако победат,“ забележа тој, додавајќи дека тоа очигледно го мисли и мнозинството од тие што деновиве излегуваат на улиците.

 

Едуард Кукан посака конечно да го види светлото во тунелот по неколку години криза во земјата, па го повика претседателот Иванов да го даде мандатот за формирање влада, а Парламентот на почне да работи според нормална процедура. Тонино Пицула оцени дека владеечката партија, соочена со губењето на власта ја довела земјата во ситуација без преседан, а Парламентот е толку блокиран што не може да донесе ни одлука за разпишување локални избори. Според него изборите не дале апсолутен туку релативен победник кој, пак, не успеал да формира влада.

 

Известувачот Иво Вајгл им се обрати на соседите што се мешаат во внатрешните работи на Македонија во време кога состојбата во неа е толку проблематична и комплицирана, во што можеа да се препознаат албанските политичари и грчките европарламентарци.

 

„Не треба да ја правите ситуацијата уште потешка со мешање во внатрешните работи. Македонија се соочува со големи предизвици на патот кон ЕУ. Сепак, лично очекувам дека ќе дојде крајот на кризата, дека владата ќе се формира и дека ќе се обнови нормалното функционирање на Парламентот“, порача Вајгл додавајќи дека никој не треба да се чувствува после тоа како губитник во националниот проект.

 

Единствената што не беше на линија на овие ставови беше Маријана Петрит, хрватската европарламентарка, која ги обвини САД и Албанија за мешање во политичката ситуација во земјата и им даде политичка легитимација на протестите што против Тиранската платформа се случуваат во Скопје./крај/мф

 

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025...

Македонија28 минути

Четири различни цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање...

Свет35 минути

Израел се подготвува за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање воена контрола над Газа, што претставува нова голема...

Свет2 часа

Либанската влада го поддржа американскиот план, луѓето на Хезболах ја напуштија седницата

Министерот за информации на Либан објави дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот...

Hitech2 часа

„Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за...

Македонија16 часа

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија17 часа

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија19 часа

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија20 часа

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ20 часа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија21 час

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија22 часа

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија22 часа

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија1 ден

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет1 ден

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет1 ден

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет1 ден

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет1 ден

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...