Контакт

Daily news

Нападот во Идлиб како увертира во тотална војна во Сирија

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Нападот со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб, во кој според последните податоци загинаа над 100, а поврeдени се стотици лица експресно ја врати сириската војна во центарот на светското интересирање и драматично ги зголеми шансите за нејзина тотална ескалација со крајно непредвидливи последици.

 

Имено, веднаш откако светските агенции, повикувајќи се на локални извори, ја објавија веста за нападот, пропратена со ужасните фотографии и видео материјали на убиени деца со пена на устата, западните земји обвинувачкиот прст го насочија кон владата на претседателот Башар Ал Асад, заканувајќи му се дека ќе биде суден за воени злосторства но и дека наскоро би можеле да преземат конкретни воени дејства против силите под негова команда.

 

Притоа особено важна е промената на ставот кај новата американска администрација која под водство на претседателот Доналд Трамп се чинеше дека се уште ги утврдува позициите кон сириската трагедија, не само во контекст на нејзината локална содржина туку и во нејзините глобални импликации. Иако пред само неколку дена портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека мора да се прифати политичката реалност дека иднината на Башар ал Асад зависи од сирискиот народ, а дека приоритет за САД е уништувањето на Исламска држава, нападот во Идлиб од корен ја измени американската позиција.

 

Веднаш по објавата дека се работи за напад со хемиски супстанци, дури и без да биде спроведена каква било истрага околу одговорноста, лично претседателот Трамп одржа говор во кој рече дека „грозниот напад е дело на Башар ал Асад кој ги премина сите црвени линии и ме натера драстично да го променам мојот став кон Сирија“, предупредувајќи дека ваквите случаи цивилизираниот свет повеќе нема да ги толерира.

 

Иако не до крај прецизно, Трамп најави дека САД се подготвени да преземат воена акција против владините сили во Сирија и не пропушти да порача дека огромна вина за се што се случува има претходната администрација на Барак Обама која покажала слабост и недолучност во дејствувањето. Државниот секретар Рекс Тилерсон пак, од своја страна рече дека режимот во Дамаск „го покажал своето варварство“ и ги повика главните поддржувачи на Асад, Русија и Иран, да немаат никакви илузии во врска со неговите натамошни намери.

 

На фонот на конфронтација со сириската влада, по мала драмска пауза, повторно се вратија и Велика Британија и Франција. Британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон изјави дека не може да замисли еден варварски режим каков што е оној на Асад да може да остане на власт по завршувањето на војната, додека неговиот француски колега Жан Марк Еро порача дека „доаѓа денот кога меѓународната правда ќе му пресуди на сирискиот претседател Башар ал Асад кој го масакрира сопствениот народ“. Токму Франција, Британија и САД предложија резолуција во Советот за безбедност во врска со хемискиот напад во Идлиб во која директно се обвинува владината армија за злосторството и се бараат жестоки санкции кои би се примениле веднаш.

 

Русија меѓутоа, очекувано зазеде дијаметрално спротивен став. Најпрвин руската армија соопшти дека трагедијата во Идлиб се случила по вина на екстремистите во чии раце се наоѓа оваа сириска провинција. Имено, според руските информации, сириското воено воздухопловство извршило напад врз фабрика во која терористите произведувале и складирале хемиски отрови, а потоа експлозијата ги активирала овие супстанци предизвикувајќи смрт на голем број лица. Постојаното претставништво на Руската Федерација при ОН соопшти дека Москва во Советот за безбедност на ОН предложила сопствена резолуција во врска со нападот во Идлиб, бидејќи смета дека резолуцијата на другите земји постојани членки на Советот за безбедност е предложена без да се спроведе независна меѓународна истрага за да се утврди што точно се случило.

 

Ние предложивме свој краток нацрт, насочен кон реална истрага а не кон именување на виновници како веќе фактите да се востановени, изјави прес-секретарот на постојаното претставништво на Русија при ОН, Фјодор Стржижовски. Истовремено руски претставници соопштија дека Русија е подготвена да стави вето на резолуцијата за Идлиб предложена од Франција, САД и Велика Британија доколку истата биде ставена на гласање без претходни консултации.

 

Претходно, рускиот и американскиот амбасадор при ОН разменија нови тешки обвинувања околу одговорноста за она што се случува во Сирија. Американскиот амбасадор Ники Хејли покажуваше фотографии на децата убиени во хемискиот напад и прашуваше уште колку други деца треба да загинат за на Русија конечно да и стане грижа за она што се случува таму. Меѓутоа рускиот претставник Владимир Сафронков изјави дека токму американските закани со преминување на црвени линии ги иницирале нападите со хемиско оружје од страна на сириските терористи, кои потоа ги обвинуваат сириските власти за да предизвикаат соодветна реакција од западните земји.

 

Од сето горе наведено независниот посматарач би можел да извлече неколку соодветни заклучоци. Прво, факт е дека напад се случил и речиси е извесно (тоа впрочем го потврди и СЗО) дека се работи за злосторство извршено со хемиски отрови. Второ, без независна и транспарентна меѓународна истрага не би смеело да се „гарантира“ дека виновник е овој или оној, бидејќи сирискиот конфликт е страшен калабалак од спротиставени страни, воени структури со и без контрола, комплицирани политички замешателства, комбинации од најразлични интереси и геостратеши судир во кој не се бираат средства за да се дојде до привремена или конечна победа.

 

Трето, доколку заканата со воена интервенција од страна на САД, која според некои најави би можела да се случи и без поддршка од ОН, навистина се оствари дали тоа ќе значи влегување во отворен судир со Русија и Иран? Како што е познато и двете земји се длабоко заплеткани во сириската војна. Токму руските авиони и специјални инструктури, како и елитната Иранска републиканска гарда се главната причина за евидентните успеси на Сириската армија во последно време на речиси сите боишта во земјата, а Русија инсталираше најнапредни ракетни системи во провинцијата Латакија, но и во Хомс и Дамаск токму за да спречи некаков обид на други земји да извршат напади во кои би биле загрозени нејзините сили на сириско тло, но сосем извесно и за да ги заштитат своите сојузници.

 

Што ќе се случи на пример, ако американската воена авијација вршејќи удари врз сириските, погоди и руски инсталации и ако загинат руски војници во еден таков напад? Што ќе се случи доколку руските системи урнат американски авиони или хеликоптери? Не е тешко да се заклучи дека во такви околности оваа прокси војна на двете супер сили би дошла до точка од која нема враќање а потоа господ нека му е на помош на светот бидејќи нема да биде онаков каков што го познаваме. Иако оваа опција е во доменот на малку веројатното, сепак не е само научна фантастика бидејќи човечката глупост, алчност или кусогледост многупати покажаа дека не познаваат граници а политичките лидери често и предничат во овие категории.

 

Но и ако сосем ја исклучиме варијанта за директен судир на Русија и САД, најавеното вмешување на американскара војска, (која досега се ограничува само на удари врз Исламска држава и помош за Курдите) без сомнение ќе предизвика дополнителни и трауматични компликации во и онака девастираната земја, која за шест години војна од некогаш пристојна и донекаде напредна земја е претворена во синоним за разурнувања, смрт и тага. А не заслужува. Ни Сирија ни нејзините деца, од било која страна на барикадите./крај/мф/дм

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија4 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија4 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија4 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија4 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија6 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија6 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет7 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет7 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет7 часа

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет8 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа9 часа

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет18 часа

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион18 часа

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа19 часа

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет21 час

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија21 час

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...