Daily news
Мехмедовиќ: Македонија ја направија земја на седативи, ќе има системски промени
„Кога луѓето зборуваат за здравје, најчесто мислат за физичкото здравје. И знаете што се случува? Еве јас конкретно работам медицина на труд. Ќе дојде некој работник и вели: Докторе, јас не сум физички болен, ама воопшто не ми е добро. Имам заостанати сметки, ме притискаат извршители , со сопругата постојано се расправаме, не можам да одам на работа“, изјави во петокот Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.
„Не е само физичката состојба здравје. Здравјето значи психичка и социјална благосостојба. Ако тој работник не е концентриран на работното место, тој може себе да си нанесе штета. Може да наесе штета на некој друг“, вели Мехмедовиќ.
„Затоа предизвикот пред којшто се наоѓаме, посебно ние во Македонија е да им помогнеме на луѓето. Знаете зошто посебно? Затоа што граѓаните малку зборуваат како се чувствуваат. Тие и не знаат дека ако е нарушена нивната социјална или емотивна состојба треба и мора да побараат помош“, додава тој.
„Затоа во нашата земја е толку голем бројот на граѓани кои се во депресија. Според официјлани податоци на Институтот за јавно здравје, од 2010 до 2015 година, тој процент е зголемен за 37 проценти. Бидејки СЗО го дефинира здравјето како целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци, прашањето што ќе треба да си го поставиме е што е тоа што ги загрижува луѓето, што ги вознемирува?“, вели тој.
„Ги плаши сиромаштијата. Стравуваат за иднината на своите деца. Изнемоштени се на работните места. Има бројни примери примери каде е загрозено здравјето на жените работничи на работните места, од разни причини. И кога Владата, како денешната во заминување е окупирана само со своите интерси наместо со проблемите на граѓаните, се случува ова – Македонија да биде земја на граѓани на седативи. Како одговорни лекари, како граѓани одговорни во политиката, или други во бизнисот, должни да ова да го смениме“, додава Мехмедовиќ.
„Потребен е поинаков приод. Затоа е добро што во Програмата на новата Влада, меѓу другото е предвиден семеен социјален работник којшто ќе работи со семејствата и таму каде што има проблеми, ќе им посочува, навреме да ја побараат потребната помош. Да работиме на превентивата, а не на справувањето со последиците“, заклучува Мехмедовиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.