Daily news
МОН: Поединци од ОУ „Св. Кирил и Методиј„ во Општина Центар манипулираат со родителите и децата
Министерството за образование и наука реагира на соопштението на Општина Центар во врска со случувањата во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ кое изминатите 4 години работи согласно ИБ програмата, престижна меѓународна наставна методологија која за жал, поединци од менаџментот и наставниот кадар на училиштето, силно поддржани од структури на локалната самоуправа и советот на општината се обидуваат да ја укинат, наводно поради незадоволителен квалитет, притоа обидувајќи се целата ситуација да ја претстават како волја на родителите на учениците и на мнозинството наставници, за што не постојат никакви факти и докази.
„Вистината е дека ИБ претставува привилегија за секое училиште. Станува збор за програма со силен фокус и стимулација на учениците да истражуваат, да бидат повеќе креативни, критички да размислуваат и да стекнуваат трајни вештини, знаења и познавања на областите кои ги изучуваат. Таа го заменува класичниот начин на предавање на табла, а акцентот е ставен на повеќе интерактивна и практична настава. Програмата е поддржана од наставниците, родителите и учениците и дава исклучително позитивни резултати кај нас, исто како и во сите останати 145 земји и 3.500 училишта каде што се применува.
Особено мора да се потенцира дека ИБ програмата во училиштето “Св. Кирил и Методиј“ е воведена во 2013 година на барање на училишниот одбор. Тоа е истото тело, кое сега, по назначувањето на нов директор од страна на градоначалникот на Општина Центар, покренува иницијатива за нејзино укинување, иако во изминатите 4 години, неговите членови ги изготвувале годишните програми за работа на училиштето, кои предвидувале континуитет во ИБ наставата и конечно поднесување акредитација за стекнување на статусот светско ИБ училиште„ се вели во рекацијата на МОН објавена во петокот.
Училишниот одбор, велат од МОН, пред само неколку месеци, практично пред почетокот на учебната година ја изработи и усвои новата програма за работа на училиштето за учебната 2016/2017 година, во која исто така се гарантира континуитет на ИБ токму поради исклучителниот квалитет, за што согласност дал и Советот на Општина Центар, а сега со иницијативата за нејзино укинување, всушност потврдува дека ги изманипулирале родителите кои ги запишале своите деца во ова училиште токму поради оваа програма.
Кроењето на туѓи судбини е недозволиво и токму затоа, револтот на родителите е голем и целосно оправдан.
“Без да навлегуваме во причините за менување на ставот кон имплементирањето, факт е дека одлуката да се укине ИБ програмата е целосно спротивна од најдобриот интерес на учениците во ова училиште и го нарушува континуитетот во едукацијата согласно досегашниот модерен концепт на настава и совладување на материјата. Но, ова не е прв пат во училиштата во Општина Центар да има сценирани настани, кои ги вознемируваат и дефокусираат учениците од основната цел поради која го посетуваат училиштето и создаваат раздор меѓу нивните родители и меѓу наставниците. Министерството за образование и наука и овој пат, ќе ги преземе и примени сите неопходни правни механизми и мерки во насока на заштита на учениците и непречена реализација на воспитно образовниот процес„ се посочува во реакцијата на МОН по повод соопштението на Општина Центар за случувањата во ОУ.„Св.Кирил и Методиј„крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.