Daily news
Концептуален проект „Анатомија на векот“ во Мала станица
Анатомија на векот, видеотрилогија на Гоце Наневски ќе биде прикажана на 4-ти мај (четврток) во Мала станица, 20 ч. Најновиот проект – три индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер.
Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.
Во првиот дел насловен „Раѓање“, го обработува повеќеслојно аспектот на раѓањето виден низ разновидни призми, од најбазичната биолошко-физичка – предадена во разговор со доктор гинеколог и ембриолог (и бремената со прво дете); преку духовното раѓање и соживотот со Бога – во облик на есхатолошко-философски аспекти на еден православен свештеник – а всушност доктор по философија; онтологии за философското и општествено-социјално „раѓање“ и созревање – во ставовите на д-р по философија, професор и аналитичар на социополитичките состојби; па сѐ до женски наративи за физиологијата на жената-мајка – успешни професионалки во своите области, чии животи се менуваат со чинот на раѓање ново битие што ги облагородува и ги прави подобри личности (без оглед дали станува збор за едно или за повеќе деца)
„Судбина“, пак, третира претставници на најранливата категорија граѓани во Македонија кои се комплетно маргинализирани – Ромите, а од друга страна и малцинство со кое се поврзува зборот судбина и во позитивна и во негативна конотација. Интегрирањето и еманципацијата на Ромите кај нас зема посебен замав во последното десетлетие, особено во полето на едукацијата и инкорпорацијата во општествените сфери, но, за жал, сѐ уште само Ромите ги среќаваме да просат на улиците (без оглед на возраста). Во видеото Наневски го проблематизира овој микросвет, со цел индиректно да критикува во два правци – и општеството што не се грижи доволно, но и решението на оваа заедница да се задоволи со стереотипите и да не се освести дека решението за судбината е во сечии индивидуални раце. Визуелно, ова видео е ослободено од колорит, т.е. е црно-бело, а во него е вклучена авторска музика, шумење од замрзнати видеофрејмови со ефект на снег, како и звуци и кадри кои се добиени со иреверзибилно течење на одредена видеосеквенција.
Во третото видео, „Ние, вампирите“, Наневски се занимава со сказните и преданијата на старите народи и македонските племиња што се пренесувале од колено на колено и во кои се верувало декапостојат вампири за да прејде дијалогот постепено во анализа на актуелното општество и во персонифицирање на актуелните проблеми во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот свет како дело на вампири. Давајќи му една духовита димензија на целиот видеопреглед, всушност со многу критика и автокритичност, авторот констатира дека сите ние сме вампири на денешното време и дека сите актуелни општествени малформации се случуваат благодарение на нас и се иницирани директно или индиректно од сите социјални фактори на една заедница. Еден интересен коментар на соговорникот Коста вели : „…вампирите четири вреќи ќе ти земат, ама една ќе ти остават, значи имале некаква етика…“, за разлика од „современите вампири“ кои немаат етика, а уште помалку морал и скрупули.
Видеата имаат и забавен елемент бидејќи играат на тенка линија помеѓу пренагласена сериозност-ангажираност и духовитост, продлабочени размисли наспроти модули кои имаат многу плитка животна философија итн. Наневски визуелно ја обликува личната перцепција за „анатомијата на животот“, т.е. за конструктивните аспекти на животот (како во скулптура) приоѓајќи им како на скелетон кој бара статичност и издржаност.
Изложбата ќе биде отворена до до 24-ти мај.Куратор на изложбата е Ана Франговска. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.