Контакт

Daily news

Советот на јавни обвинители утре ќе одлучува кој ќе шефува со скопското основно обвинителство

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Шест месеци по распишување на огласите, Советот на јавни обвинители утре планира да избере двајца обвинители во Вишото јавно обвинителство, како и еден обвинител во Републичкото јавно обвинителство. На седницата закажана во 11 часот се очекува да стане збор и околу распишување огласи за шефови на неколку обвинителства, меѓу кои и на најголемото обвинителство во државата – скопското. Со ова обвинителство раководи Гордана Гешкоска, чиј четиригодишен мандат завршува на 15 мај, но нејзиното место на обвинител со траен мандат, мирува во Републичкото јавно обвинитлество.

Извори на Макфакс прогнозираат дека на утрешната седница токму копјата ќе се кршат околу скопското обвинителство, кое ги работи најголемите и најделикатни случаи во државата (последно за насилството во Собранието на РМ). Главната дилема што ќе се отвори е дали да се распише нов оглас или да се продолжи мандатот на Гешкоска времено за неколку месеци без оглас – со упатување (делегирање).

Дел од членовите на Советот сметаат дека треба да се распише нов оглас, а до завршување на постапката за нов обвинител треба да се назначи в.д обвинител. Во случајот, тоа би бил првиот заменик на Гешкоска, обвинителот Јован Цветановски. Наспроти ова, првиот човек на Советот, Петар Аневски, но и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ја протежираат идејата дека во моментов не е потребен нов оглас туку да се пролонгира мандатот на Гешкоска за шест месеци поради „важноста на започнатите постапки“.

Прашање е дали ќе успее ова сценарио, со оглед на тоа што еден од  обвинителите е на службен пат во САД, а ситуацијата се усложнува и со проблематизирањето на мандатот на еден од членовите на Советот, кој веќе  исполни услови за пензионирање. Имено, уште на 17 март оваа година универзитетскиот професор Зоран Сулејманов наполни 64 години, а како што дознавме, во меѓувреме, не ја искористил законската можност и не побарал продолжување на работниот стаж за една година.

Според наши сознанија, Аневски веќе испратил известување до  законодавниот дом, во кое го известува Собранието за истечениот мандат на Сулејманов, но прашање е кој ќе го разреши, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа законодавниот дом по неодамнешните настани од 27 април, како и неконституирањето на собраниската Комисија за избори и именување.

Да биде апсурдот уште поголем, Сулејманов и покрај тоа што формално исполнил услови за пензионирање, сепак, учествувал во разрешувањето на една обвинителка од струмичкото обвинителство. Тоа може да го доведе во многу деликатна ситуација Советот, доколку обвинителката реши да ги тужи своите колеги, поради незаконски донесена одлука, поради учеството во гласањето на Сулејманов.

Mф/ГД

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија10 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија14 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија18 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија19 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија20 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија21 час

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија21 час

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија22 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет24 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет24 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет1 ден

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион1 ден

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа1 ден

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет1 ден

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија2 дена

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија2 дена

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...