Daily news
Се бара седница за „епидемијата“ на хеморагична треска
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поведуваат инцијатива за итна седница околу епидемијата во Гостиварско пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието. На седницата треба да се дискутира за случајот во гостиварска Симница каде што, според ВМРО-ДПМНЕ, се случи епидемија на хеморагична треска од најлесниот облик, од која починаа две лица, десет се хоспитализирани, а за десетици не се знае дали се инфицирани или не.
„Во овој случај беа загрозени правото на живот и правото на здравствена заштита на граѓаните. Токму заради тоа треба да се испита одговорноста во Собранието пред оваа комисија.Ситуацијата во Гостивар е сериозна и алармантна, а граѓаните со право се загрижени.Овој проблем треба да го решат надлежните институции, но со оглед на тоа дека Владата и Министерството за здравство молчат и не превзема ништо, ние како пратеници поведуваме иницијатива овој проблем да го решаваме во рамки на Собранието преку седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.На оваа седница ќе треба да дојдат надлежните и пред пратениците да дадат одговори на повеќе прашања како што се:
Дали заразените лица биле правилно третирани? Како се случи да се загубат два човечки животи кога исти вакви случаи во минатото биле успешно лекувани и немало жртви, а уште помалку епидемии?
Зошто дури после два смртни случаи Министерството за здравство излезе со официјално соопштение дека е можно да се работи за некоја сериозна заразна болест?
Дали постојат пропусти во третирањето на заразените, дали имало соодветен регенс за навремено дијагностицирање?
Дали се превземале и дали се превземаат мерки за дезинфекција, изолирање на причинителот и воспоставување на карантин?
Дали навремено е спречено ширење на болеста и потенцијално заразување на стотици и илјадници лица од Симница и гостиварскиот регион?
На крај зошто министертот за здравство кој што треба да даде одговори за ваквата ситуација не е во Македонија и се шета во Америка?
Ситуацијата е повеќе од сериозна и не смееме да дозовлиме поради неодоговрноста и неажурноста на надлежните оваа зараза да се прошири низ целата држава и да се загрози здравјето на граѓаните“, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.