Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Борисов: Извинете што и ние го славиме Илинден

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

„Подобро да славиме отколку да војуваме“, беше одговорот на бугарскиот премиер Бојко Борисов за тоа зошто Бугарија инсистира да го слави токму националниот ден на Македонија, Илинден, заедно со нас, иако не сме една држава. „Извинете што го славиме и ние“, рече Борисов објаснувајќи ги потоа мотивите за оваа одлука.

„Ако не славиме заедно, ајде да војуваме. Многупати сме војувале и, гледам, станавме голема Албанија, голема Македонија, голема Бугарија, голема Србија… Поради војните, дојдовме до тука, да бидеме најбедното место во Европа. Со таков став цело време се враќаме назад. Поентата сега е да се свртиме напред, да станеме како Германија, Франција, да станеме Европа“, порача Борисов на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој се извини наместо домаќинот за големото обезбедување во врска со неговата посета и најави дека по средбите со спикерот на парламентот, Талат Џафери, и со шефот на државата, Ѓорге Иванов, ќе има средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за да го убеди да го поддржи договорот за пријателство и соработка што тој и Заев го потпишаа денес додавајќи дека очекува позитивна реакција и поздравување на ваквиот чекор и од страна на ЕУ.

„Договорот е резултат на минат труд кој не е само мој и на мојата влада. И поранешната влада има голем придонес. Ги повикувам да застанат зад него бидејќи овој договор нè прави двете страни еднакво среќни. Затоа ја повикувам опозицијата да даде поддршка за нешто за што направила голем труд. Успехот ќе биде заеднички“, изјави Заев на прес-конференцијата со Борисов.

„Ќе имам средба вечерва со Груевски и тој да даде поддршка за договорот. Со мене е и Красимир Каракачанов, кој е претседател на ВМРО во владата“, порача Борисов додавајќи дека со Груевски работел многу на договорот и дека биле пред негово потпишување наспроти она што го порачуваат деновиве од оваа партија.

Генерално, премиерот Заев рече дека овој договор претставува историски чекор за Македонија и Бугарија.

„Потпишувањето на договорот покажува дека таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, прашањето може да се реши. Направивме историски чекор напред и отворивме пат за стабилност и развој за двете држави. Овој договор е заемен успех и придонес кон политичка стабилизација за регионот и пошироко. Се определивме да водиме политики на решенија, а не проблеми.

Во Бугарија видовме конструктивен партнер со исти цели. Ова наше пријателство е пример како долгогодишна кочница може да се претвори во мотор за развој. Оваа соработка ќе помогне за унапредување на патната и гасната инфрастуктура на двете земји. Прашањето на добрососедските односи е прашање на зрелост и затоа овој договор е значајна порака до ЕУ и НАТО дека земјите имаат политички раководства кои градат мостови. Бугарија од денес е уште поголем пријател и сојузник кон евро-атлантските перспективи. Мојот народ има право да биде среќен“, изјави Заев.

Борисов додаде дека договорот има убаво име, добрососедство, кое е многу важно.

„Вашите министри работеа неколку месеци за да имаме договор со толку убаво име ‘добрососедство’. Исто така, двата меморандума се исклучително важни. Ќе ја видите и реакцијата на ЕУ на овој договор. Двете држави без модератори и посредници дојдоа до одлука дека мирот, дружбата и добрососедството се поважни од сè. Не случајно луѓето велат, гледајќи назад, ќе се сопнеш и ќе паднеш. Затоа одлучивме да гледаме напред. Резултатите ќе ги видите за некое време. Терминот заедничка историја е термин што дава заеднички перспективи, а не поделби“ изјави Борисов.

Двајцата оценија дека договорот е од заеднички интерес и за двете земји и дека ќе овозможи политичка стабилност, соживот и соработка помеѓу граѓаните, но и на економски план.

„Договорот можеше и да не се потпише, со години не беше потпишан, но се потпиша и е од исклучително значење“, нагласи Борисов. Тој истакна дека покрај договорот, битни се и двата меморандума за соработка, кои се однесуваат на железничкото поврзување меѓу двете земји, односно за Коридорот 8 и за соработка во областа на гасот, која ќе овозможи Македонија да купува гас од Европската Унија, а Бугарија да го транспортира.

За критиките со кои договорот е пречекан во Македонија, Борисов рече дека нив ги има и во двете земји, но тоа е демократијата. И тие самите биле критикувани дека можеле да бидат потврди во односите со Македонија како земја што сака да влезе во НАТО и ЕУ, но тоа, според него, не е пријателство.

„Критичари имало и ќе има секогаш. Многу од моите опоненти го кажуваат тоа. Но, дали тоа е пријателство? Добрососедство? Носи ли перспектива?“, запраша Борисов додавајќи „дај боже да се остварат двата потпишани меморандума денес бидејќи ќе има разлика“, мислејќи на меморандумите за гасно и инфраструктурно поврзување на двете земји.

На соседите тој им порача дека договорот не е насочен против никого, ни против Србија ни против Грција, и дека е за доброто на двете земји.

Утре Борисов и Заев ќе положат заеднички цвеќе на гробот на Гоце Делчев, што ќе биде моментот кој го означија како заедничко славење на историјата.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија16 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија18 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија18 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија18 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија20 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет21 час

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет21 час

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија2 дена

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 дена

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија2 дена

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија2 дена

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ2 дена

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија2 дена

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...