Daily news
Која е тајната на луѓето кои никогаш не се љубоморни
Ако случајно сметате дека ви е потребна поголема сигурност, време е да ги откриете тајните на луѓето кои никогаш не се љубоморни.
1. Тие се опкружени со луѓе на кои им веруваат
Околината има директно влијание на нашето однесување, што значи, ако сте во добро друштво и вашите емоции ќе бидат позитивни.
2. Имаат високо ниво на самопочит
За да бидете сигурни во себе, мора да се сакате. Ако сте задоволни со себе и имате високо ниво на самодоверба, никогаш нема да се почувствувате загрозено од самото присуство на некоја трета личност, без разлика дали се работи за љубов или пријателство.
3. Го слават туѓиот успех
Важно е да запаметите дека туѓата приказна не е ваша. Така, ако колегата напредува или најдобрата пријателка се верила пред вас, тоа никако не влијае на вашиот живот. Луѓето кои се сигурни во себе и се фокусираат на радоста, а не зависта, се оние вистински среќните и успешни.
4. Благодарни се на она што го имаат
Заедничката карактеристика на луѓето кои се постојано среќни и задоволни е благодарноста. Ако сте благодарни за она што го имате, ќе бидете помалку фокусирани на она што го имаат другите. Недостатокот на благодарност само ќе ве оддалечи од целта.
5. Знаат кога да се исклучат од социјалните мрежи
Не е тајна дека фотографирањето за на Фејсбук и чекирањето ни стана секојдневие. Но, честата потреба за социјалните мрежи може да создаде негативни емоции како осаменост и завист. Времето кое го поминувате оддалечени од смартфонот најдобро е да го вложите во градење на своите реални конекции и зајакнување на самодоверба.
6. Тие не прават нешто за другите да им завидуваат
Повеќето луѓе за најголем успех ја сметаат туѓата љубомора и завист упатена кон нивниот „совршен живот“. Меѓутоа, овој начин на сфаќање произлегува од личната, несвесна несигурност која може да прерасне во поголем проблем. Луѓето кои учат како да управуваат со љубомората, никогаш нема да се радуваат на туѓата завист.
7. Не се фокусираат на правилата
Тие не им робуваат на правилата и моралните вредности за да бидат прифатени, туку сами ги креираат правилата, навиките и нормите. Важно е да запаметите дека вредите многу повеќе од наградите на полицата.
8. Не се споредуваат со другите
Споредувањето е најголем крадец на среќата. Наместо тоа, фокусирајте се на своите цели, планови и луѓето кои ве исполнуваат. Секогаш ќе постои некој подобар од вас, но наместо да размислувате за тоа, истакнете го она во што вие сте добри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.