Контакт

Daily news

(Втор дел) Ако е неопходно, ќе има и уривање во Охрид, Државниот градежен инспекторат се вклучува во случајот со решението од 1978 година

Објавено пред

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе се вклучи во расчитување на урбанистичкиот хаос во Охрид и надминување на проблемите по откривањето на решението за заштита од 1978 година. Директорот Борјанчо Мицевски вели дека на Инспекторатот му е познато дека решението не се почитувало. Тој најавува дека ќе ги искористат сите можности што во моментот им стојат на располагање за еднаш да почне да се расчистува урбанистичкиот хаос во Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Решението за заштита на Охрид од 1978 година е намерно одминувано оти некому му одговарало тоа да остане во фиока. Така се случило локалната самоуправа да одлучува за нешто што не е во нивните ингеренции. Поради интересите на некои моќници, се урнисуваат просторот за живеење и спомениците на културата и се загрозува животната средина. Она што ние можеме да го направиме е да излеземе во контрола и заедно со претставници од локалната самоуправа да направиме увид какви одобренија се давани и за какви градби. Онаму каде што ќе се утврди повреда на законите, ќе следуваат решенија со кои ќе ја задолжиме Општината соодветно да постапи. Решенијата со кои ќе ја задолжиме може да бидат за укинување одобренија за градење, за нивно поништување, а ако е неопходно, може да се избере и крајната мерка – уривање“, вели директорот Мицевски нагласувајќи дека Општината нема ингеренции за градби кои се од прва категорија.

Една од градбите што меѓу првите ќе се најде на листата за контрола е спорниот  хотел во Лагадин. Почна да се гради во декември минатата година, а локалното население, сопствениците на викенд-куќи во овој дел на Охрид и граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ уште од почетокот на градбата укажуваат дека хотелот прекршува 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Додека институциите се подготвуваа да излезат на терен, да направат инспекциски надзор, а потоа и да ја запрат градбата, хотелот се изгради. Во меѓувреме инвеститорот неколку пати се жалеше на Второстепена владина комисија. Првиот пат му беше одбиена жалбата, па градежните активности запреа, а кога се пожали и вторпат, Комисијата му ја прифати и му даде можност на градоначалникот да му издаде ново одобрение за градење или да се жали на Управен суд, а според Инспекторатот, инвеститорот поднел и трета жалба. Директорот на Државниот градежен инспекторат вели дека последната жалба му е одбиена. На хотелот засега не се изведуваат градежни активности, испратени се претставки до сите надлежни институции, а поведени се и неколку судски постапки за прекршувањата што се направени со оваа градба.

 

Законот за градба од 2009 година сменет 28 пати, во подготовка е сосема нов

Законот за градба, донесен во 2009 година, е менуван 28 пати. Архитектите гласно кажаа дека честите измени оставаат голем простор за сомнеж дека тој се менувал според потребите на разни моќници на сметка на животната средина.

Последната измена беше лани во февруари. Некои од многуте измени се однесуваа и на категоризацијата на градбите. Од пет категории, беа намалени на четири, за во 2012 и тие да се намалат на само две категории. За првата категорија градби одобренија за градење издава Министерството за транспорт и врски, а за втората категорија одобренијата за градење ги издава локалната самоуправа.

Токму поради многуте измени на Законот за градба, кои е тешко да се следат, директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најавува целосно нов закон за градба.

„Утврдивме многу недоследности и поклопувања со други закони поради кои сметаме дека треба сосема нов закон. Законот за градбата е во колизија со Законот за просторното и урбанистичкото планирање, посебно за ингеренциите за контрола, надзор, издавање одобренија и слично. Денес имавме средба со работните тела од сите засегнати институции, министерства, Влада, Комората на архитекти и инженери, Архитектонскиот факултет, Градежниот факултет, 50-ина луѓе за да почнеме со подготовки за новиот закон“, вели директорот Мицевски.

Од Комората на архитектите велат дека веќе формирале работно тело од петмина архитекти кои ќе работат на подготовка на новиот закон за градба, ни и на сите други законски измени кои ќе се покаже дека е потребно да се направат. Телото со работа ќе почне в среда.

текст: Маја Илиевска Пачемска

фото. Даниела Трпчевска и Кристијан Ландов

(Прв дел) Охрид со години нелегално издавал одобренија за градење

(Трет дел) „Скопје 2014“ е нула во споредба со она што му се подготвува на Охрид



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет3 часа

Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше...

Македонија3 часа

Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е...

Македонија14 часа

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот...

Македонија15 часа

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен...

Свет16 часа

Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања,...

Топ20 часа

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од...

Македонија22 часа

Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој...

Регион1 ден

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото...

Свет1 ден

Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од...

Свет1 ден

Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради...

Европа2 дена

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет2 дена

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...

Свет2 дена

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење...

Европа2 дена

Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу...

Европа2 дена

(Видео) Германија забележа дронови на границата со Данска: „Истражуваме можна саботажа“

Министерството за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека беспилотни летала биле забележани во текот на ноќта и...

Македонија2 дена

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот...

Свет2 дена

Трамп: Мислам дека можеби имаме договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за...

Свет2 дена

Зеленски на таен состанок ги побарал од Трамп моќните проектили „Томахавк“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Доналд Трамп ракети „Томахавк“, на состанок зад затворени врати, објави „Телеграф“. Зеленски му кажал...

Европа2 дена

Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини...