Контакт

Daily news

(Видео) Владата реши: Последна клапа за серијата „Македонија“

Објавено пред

По серијата текстови на „Макфакс“  во која се обелодени информацијата за снимањето на серијата „Македонија“ за која македонската Агенција за филм дала 68 милиони денари, односно милион  и сто илјади евра, како прва рата од предвидените вкупно 283 милиони денари, поточно 4,6 милиони евра за 4 сезони, е извршена вонредна контрола на регуларноста на проектот и е утврдено дека нејзиното снимање треба да се стопира.

dobivaj vesti na viber

„Според Агенцијата за филм на Република Македонија, извршената контрола во врска со доделувањето средства за овој проект и во врска со реализацијата на проектот, констатирала сериозни пропусти. Владата ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со проект-играна серија „Македонија“ и ја задолжи Агенцијата за филм на Република Македонија во рок од 7 дена до Владата да достави информација во врска со преземените активности за проектот, согласно со Законот за филмска дејност. Според овој закон, доколку со извештајот од извршената контрола се утврди дека доделените средства на конкурсот се користат спротивно на договорот, односно дека корисникот на средствата не се придржува на роковите и обврските утврдени во договорот, или дека филмскиот продуцент ги пренел правата од филмот и средствата добиени од Агенцијата на трети лица, директорот на Агенцијата ќе ја активира банкарската гаранција, ќе го раскине договорот и ќе донесе решение со кое се прекинува натамошното финансирање на проектот и со кое бара враќање на доделените средства од Агенцијата со законска затезна камата“, соопшти Владата.

Хрватската продукциска куќа „Јадран филм“ до 4 септември годинава не ја снимила првата сезона од играната серија „Македонија“, иако од македонската Агенција за филм ги добила средствата за првата сезона.

Серијата „Македонија“ беше одобрена на конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2016, во мандатот на поранешната директорка на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска-Илиевска. Според резултатите од конкурсот, објавен на сајтот на Агенцијата за филм, серијата треба да има 130 епизоди во 4 сезони и е одобрена за повеќегодишно финансирање. Како режисери се наведени Зоран Петровски, Стојан Вујичиќ, Кристијан Милиќ, сценаристи Бранко Шомен, Огнен Ѓеоргиевски и Никола Жежов.

Главен продуцент на серијата е Винко Грубишиќ, кој е сопственик на поранешната државна  хрватска продуцентска куќа „Јадран филм“. Тој на 18 август годинава за „Макфакс“ изјави дека главниот историски лик во „Македонија“ е Павел Шатев, „централен лик околу кој се плетат трилер-приказни, некои базирани на историски факти, а некои оставени на креативната слобода. Главно тоа треба да биде некоја возбудлива трилер-историска серија, која се работи со сосема нов пристап  во продукцијата и креативниот дизајн“. (А.В)

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) „Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“: британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на...

Македонија3 часа

(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и...

Македонија4 часа

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои...

Европа4 часа

Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина...

Македонија4 часа

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за...

Свет7 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет8 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија9 часа

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија9 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија9 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија10 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија11 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет12 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија12 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет23 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија1 ден

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ1 ден

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија1 ден

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија1 ден

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија1 ден

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...