Контакт

Анализа

Австриски експерт за Русија смета дека економски санкции би можеле да значат војна

Објавено пред

Австрискиот експерт за Русија, Герхард Мангот, смета дека економските санкции, кои ЕУ планира да ги воведи против Русија, би можеле да предизвикаат директна руско–украинска војна.

dobivaj vesti na viber

Австрискиот професор, во авторски текст во виенскиот весник Wiener Zeitung, нагласува дека Кремљ, кога веќе нема што да изгуби, би можел да ги „забетонира“ своите ставови.

 

„Санкциите значително ќе и’ наштетат на руската економија“, смета Мангот, додавајќи дека не е јасно дали овие мерки би можеле да доведат до промени во ставот на Москва во врска со Украина, но, според него, сигурно е едно дека тие ќе го зголемат ризикот Русија да го „забетонира“ својот став.

 

„Кога веќе нема што да загуби, би можело да дојде до ескалација на вооружените судири. Борбите во источна Украина би можеле да прераснат во директна руско–украинска војна“, предупредува професорот по политички науки на Универзитетот во Инсбрук.

 

На среден рок, според Мангот, влошувањето на економската ситуација поради санкциите би можела да доведе кон раст на незадоволството кај раководството на Москва, но тоа не мора да биде така.

 

„Способноста за спротиставување на Русите врз странскиот притисок е добро позната“, исто така предупредува Мангот.

 

Според неговите зборови, ЕУ не мора да се грижи од економски контрамерки, бидејќи Русија не може да и’ нанесе штета на Унијата, без притоа себеси да си нанесе поголема штета.

 

„Поради ваквата поставеност на нештата, Русија би можела да бара друга адреса, а тоа секако би била Украина“, оценува тој, додавајќи дека Москва би можела да ги прошири трговските ограничувања, но и да ги протера украинските гастербајтери, што би бил и’ „најсилен инструмент“.

 

Со тоа, според него, економската стабилизација на Украина би била уште поскапа отколку што досега се планираше и тоа секако би била многу висока цена која ЕУ би морала да ја плати./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Трамп почнал договори за средба помеѓу Зеленски и Путин, потоа би се вклучил и тој

По завршувањето на средбата во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европа, американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет4 часа

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет7 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет8 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура12 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија14 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет14 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија14 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија15 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија15 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет16 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет18 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија18 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија19 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет21 час

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет21 час

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет21 час

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет21 час

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет1 ден

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...