Црна хроника
Градоначалниците во Македонија, вината ја презел адвокат од Благоевград

Адвокат од Благоевград ја презел вината за најдените куршуми во автомобилот со којшто се превезуваа двајцата македонски градоначалници, Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани и Емил Дончев, градоначалник на Виница, јавува бугарската агенција БГНЕС.
Тој рекол дека куршумите се негови и дека заборавил да ги земе од автомобилот. Градоначалникот на Виница во изјава за Плусинфо вели дека кога се враќале во Македонија со нив во автомобилот бил нивни пријател од Бугарија кој имал купено ловечки куршуми и ја оставил во касетата, во предната фиока во автомобилот.
Според него, Бугаринот го оставиле на излезот од Благоевград, но тој заборавил да си ја земе муницијата.
Пријателот потврдил дека куршумите се негови и дека биле повикани во полиција како сведоци. Утрово сведочеле во судот и се вратиле во Македонија.
Бугарската агенција Фокус во четвртокот наутро јави дека градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски и на Виница, Емил Дончев, биле приведени синоќа околу 19.30 часот на бугарската граница со Македонија, на граничниот премин Станке Лисичково откако во автомобилот „ситроен“ со македонски регистерски таблици со кој се превезувале градоначалниците, откриени биле 20 ловечки куршуми и кутија со 100 ловечки куршуми, калибар 22.
Градоначалниците се враќале од средба на градоначалниците и бизнисмени којашто се одржа во Благоевград под мотото „Бизнис без граници“, чија цел е интензивирање на партнерските односи меѓу соседните општини./крај/бг/пи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот