Црна хроника
Три сефа со артефакти пронајдени кај осомничен за кражбата во „Музеј Македонија“

Три сефа со предмети од историско значење се пронајдени во домот на сопругата во Охрид на еден од осомничените во истрагата за кражбата во Националната установа „Музеј Македонија“ на шести ноември, минатата година, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во четврток, полицијата изврши претрес на дом и други простории во Охрид кај сопруга на лице осомничено во врска со истрагата за кражбата во „Музеј Македонија”.
Во претресот биле пронајдени три сефа во кои имало осум метални предмети од историско значење, кои преставуваат делови од народна носија и тоа едно метално ланче со 58 метални привезоци во вид на парички, едно метално ланче со 12 синџирчиња и еден метален брош, еден женски везан колан за носија со 49 монети со различна големина, еден метален машки колан, четири метални предмети со украсни гравури и четири метални делови на кои на два има четири броша.
Исто така, при претресот во поткровниот дел на куќата се пронајдени се 12 дрвени предмети во форма на секири, боздоган и еден меч, како и една икона „Успение на Пресвета Богородица”.
Осуммината осомничени за кражба на вредните артефакти од крајот на февруари се во притвор, а меѓу нив се и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, кој веќе издржува домашен притвор бидејќи е осомничен во случајот „Фаланга”, како и актуелниот и поранешниот директор на Музејот, Дарко Кржовски и Перо Јосифовски./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.