Црна хроника
Уапсените инспектори и началник во Чаир примиле поткуп од 2.000 евра
Двјацата инспектори и началникот од СВР Скопје, кои во средата вечер беа уапсени во Чаир, примиле поткуп од две илјади евра, а за возврат не поднеле кривична пријава против едно лице во врска со убиството на Исмаили И. во Ченто, минатиот месец, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според сознанијата на полицијата, тројцата полициски службеници во периодот од 26 минатиот месец до вчера барале поткуп во вредност од две илјади евра од близок роднина на убиениот Исмаили И. кој од местото на убиството на 26 февруари подигнал пиштол на убиениот.
Иако за ваквото дејствие бил поднесен Посебен извештај до надлежниот Јавен обвинител, полицајците почнале да го бараат и да му се закануваат дека ќе му поднесат и кривична пријава доколку не им исплати поголема сума на пари.
Пред десетина дена оштетениот одллучил да го пријави случајот во полиција по што полицијата ги презела сите неопходни мерки за докажување на делото, вклучувајќи и техничка обработка на парите кои требале да бидат исплатени.
Инспекторите и началникот го примиле поткупот во текот на вчерашниот ден во непосредна близина на полициска станица „Гази Баба” во Автокоманда, по што со автомобил “ауди А/4″ се упатиле во населбата Чаир на ул. „Цветан Димов” каде во менувачница сакале да ги раситнат парите. Пред да го сторат тоа, биле уапсени. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.